Од 17 ти до 23 ти јули во Охрид ќе се одржи 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо.
“Живи и здрави” е првиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови со македонска премиера на официјално отворање првата фестивалска вечер.
Филмот е македонска копродукција со Круг Филм со Никола Ристановски во една од улогите и со музика од Тони Китановски.
На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Франција, Холандија, Германија, Унгарија на локации Плажа Славија и Брод Армада.
Четиричленото жири на 7. издание на БФФ во состав Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka ќе ги додели наградите: Голем бран за најдобар долгометражен филм и Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување.
Во склоп на Фестивалот ќе се одржи и Филмска работилница наменета за сите средношколци и студенти кои имаат интерес за како изгледа еден процес позади секој филм и чекор по чекор ќе се покаже како од идеја до реализација се работи еден филм, вклучувајќи пишување на сценарио, снимање и монтажа.
Оваа работилница “Филмски Колаж” ја организира @charade_film_production во соработка со БФФ и е поддржана од Министерството за Култура.