6 видео игри кои не треба да ги пропуштите

есенски видео игриАко сте гејмер, тогаш време е да ги заклучите сите врати, да си го расчистите распоредот и да се подгответе за боледување, бидејќи се ближи есента. И покрај тоа што во 2010 веќе имаше голем број нови игри, оваа есен дефинитивно ќе биде одлична за оние кои имаат време… и пари. Бројот на нови игри е голем, па еве ги само оние кои ветуваат најдобро искуство.

Ако сте гејмер, тогаш време е да ги заклучите сите врати, да си го расчистите распоредот и да се подгответе за боледување, бидејќи се ближи есента. И покрај тоа што во 2010 веќе имаше голем број нови игри, оваа есен дефинитивно ќе биде одлична за оние кои имаат време… и пари. Бројот на нови игри е голем, па еве ги само оние кои ветуваат најдобро искуство.

есенски видео игриFallout: New Vegas

Датум: 19 октомври
Платформи:
Xbox 360, Playstation 3, PC

Иако не се работи за официјално продолжение на Играта на Годината од 2008, Fallout 3, оваа пост-апокалиптична RPG игра, чие дејство е сместено во уништениот Лас Вегас изгледа бомбастично. Покрај стандардниот гејмплеј позајмен од претходникот, во овој дел ќе можете да модифицирате оружја, да создавате уникатна муниција, и нормално, ќе ви дозволи целосна слобода во истражување на Пустелијата Мохаве.

есенски видео игриStar Wars: The Force Unleashed II

Датум: 26 октомври
Платформи:
Xbox 360, Playstation 3, Wii, PC, DS

Продолжението на една од најдобрите игри сместена во универзумот на „Војна на Ѕвездите“, The Force Unleashed II, продолжува од истата точка каде што заврши првиот дел. Повторно ќе можете да играте како моќниот ученик на Дарт Вејдер, Старкилер, но овој пат, ученикот е во потрага по учителот и сопствениот изгубен идентитет. Повеќе моќи, два светлосни мечови, неверојатна графика и атмосфера.

есенски видео игриGran Turismo 5

Датум: 2 ноември
Платформа:
Playstation 3

Не, не е први април. Ова не е шега, не ви се причинува. После долги години развој, долгоочкуваната Gran Turismo 5 најпосле ќе се појави овој ноември. Бројките поврзани со играта се импресивни: околу 1000 возила, над 70 патеки, и можност за мрежно поврзување до 16 играчи преку интернет. Тоа, и големиот број графички надградби наскоро ќе бидат достапни за милиони гејмери кои трпеливо чекаа да излезе новиот дел на најдобриот симулатор за возење.

есенски видео игриGod of War: Ghost of Sparta

Датум: 2 ноември
Платформа:
PSP

Ова не е првото појавување на Кратос на преносливата конзола на Сони, но Ghost of Sparta несомнено ќе биде достоен наследник на наградуваната Chains of Olympus. Оваа преносна игра ќе понуди нови способности, нови непријатели, нови босови и нови информации за почетоците на Кратос на функцијата Бог на Војната.

есенски видео игриCall of Duty: Black Ops

Датум: 9 ноември
Платформи:
Xbox 360, Playstation 3, Wii, PC

Има една работа која гејмерите сигурно ќе ја направат овој ноември – ќе размислат да вклучат друга игра од овој серијал, покрај Call of Duty: Modern Warfare 2. Овој пат, ќе имате можност да ја искусите Студената Војна, преку жаришта низ целиот свет, вклучително и Русија, Куба, и нормално, Виетнам. Играта исто така ќе придонесе со неколку нови типови на мултиплеј, како, на пример, “Wager Match” во кој играчите ќе се обложуваат со поени пред почетокот на битката.

есенски видео игриAssassin’s Creed: Brotherhood

Датум: 16 ноември
Платформи:
Xbox 360, Playstation 3, PC

Тешко е да се поверува дека неверојатната Assassin’s Creed II се појави пред само една година. Многу често, со презентирање на продолжение по само една година може да се постигне презаситеност, но ретко на која компанија може да ѝ се верува како на Ubisoft Montreal. Но, и фактот што играта има изменет гејмплеј и еден од најдобрите мултиплеј модови, не може да наштети.

- Реклама -