6 средства за чистење што може да ги замени лимонот

Доколку сакате да го исчистите домот на што поприроден начин без користење на агресивните средства што не се препорачливи за човековото здравје еве подобра алтернатива. Верувале или не лимонот може да замени дури 6 средства за чистење со еднакво ефикасно дејство.

1. Средство за чистење на одводите

Во сад исцедете сок од два лимони и изрендајте ја нивната кора и прелијте со 3 дл вода. Добиената смеса излијте ја во одводот и пуштете да отстои 15 минути пред пуштање вода. Киселината од лимоните ќе го исчистат одводот и ќе остават убав мирис.

2. Средство за полирање

greencleaning

Лимонската киселина е идеална за отстранување на масните наслаги од приборот за јадење и садовите. Во половина лимон ставете сол и цедете кружно по површината на садот. Спојот на лимон и сол делува како абразивно средство кое на секоја површина му дава сјај.

3. Дезинфекциско средство за микробрановата

Разните мириси при секојдневната употреба на микробрановата може да се отстранат со само еден лимон. Исечете го на тенки кришки, ставете ги во сад и прелијте со топла вода. Загрејте ја микробрановата на најсилно околу три минути.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

4.Средство за чистење на шпоретот

Преполовете еден лимон, исцедете го на шпоретот и додадете сода бикарбона. За потврдокорните дамки на кујнските површини може да користите лимон помешан со јаболков оцет и две лажици сода бикарбона.

lemon-cutting_3005. Дезинфекциско средство за кујнската даска

За да ја исчистите темелно кујнската даска, која е еден од најголемите извори на бактерии во домаќинството исцедете половина лимон по целата површина и оставете сокот да се впие десетина минути. Потоа измијте ја со студена вода.

6. Отстранувач на маснотиите од тешко достапните места

Маснотијата која со текот на времето се впива на тешко достапните места во кујната, на пирмер високите елементи, бараат посебно средство поточно паста што може да ја направите од лимон и боракс (природен елемент кој е незаменлив во речиси сите еколошки прифатливи детергенти).

Во една шолја боракс исцедете два лимони и добро измешајте. Нанесете од смесата на четка за заби и тријте ја површината. Оставете да отстои околу 15 минути, а потоа пребришете со мокра крпа.

- Реклама -