6 работи без кои не можеме што ги измислиле жени

Кога се во прашање изумите што го одбележале човештвото на памет ни паѓаат машки имиња како Томас Едисон, Никола Тесла, Исак Њутн…Но, што е со жените кои со својатa работа ја одбележале историјата? Ако не ви текнува ниту една, еве листа на 6 жени кои измислиле многу интересни работи без кои не можеме:

1.Бришачи на автомобил

2012-MG-LE50-windshield-wipers

Мери Андерсон во далечната 1903 се сетила на бришачите. Шипката со гумен додаток го патентирала една година подоцна. Нејзината идеја била искористена во сериско производство децении подоцна.

2. Монопол

monopoly-recession

Елизабет Маги е одговорна за една од најпопуларните друштвени игри. Играта оригинално се викала „The Landlord’s Game“ и е измислена односно патентирана во 1903 година. Денеска се користи за забава, но идејата на Елизабет кога ја создала играта била преку неа да го покаже трагичниот ефект што го носи алчноста.

3. Соларно греење

termosifonski_solaren_sistem

Унгарката Мариа Телкес го измислила првиот систем на греење на соларна енергија. Во 1940 година го развила и го направила достапен првиот соларен систем за домаќинства, а во реализација на проектот и помогнала уште една жена – Еленор Рејмонд.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

4. Пиво

craftbeer

Иако со сигурност не можеме да тврдиме кој прв навистина го измислил пивото какво што денес го познаваме, податоците до кои дошле истражувачите велат дека тоа била жена, поточно повеќе жени. Имено пред 7 000 години во Мезопотамија жените биле задолжени за правење пиво. Тоа била вештина која ја работеле исклучиво жените, а тогаш пивото се сметало за божји дар, кое до денес остана еден од најпопуларните пијалоци на сите времиња, а се благодарение на вредните раце на жените.

5. Противпожарни скали

Custom Fire-Escape

Првите противпожарни скали на надворешната страна на зградите во 1897 година ги измислила Ана Конли. Нејзината идеја ја прифатиле многу архитекти, а оваа идеја се задржала до денес.

6. Панцир

flak_jacket_static

Заштитниот прслук, познат како панцир, го измислила жена. Стефани Кволек го патентирала изумот во 1966 година.

- Реклама -