6 природни начини да се ослободите од депресија

советиКога чуствувате болки во кој било дел од вашето тело, нормално веднаш барате помош од лекар. Но ако болката е емоционална, како на пример постојаното чувство на тага или беспомошност, луѓето најчесто ја игнорираат и не бараат помош со месеци а некогаш и години. Ако не сте сигурни дали да побарате помош од специјалист, еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат додека да донесете одлука.

Кога чуствувате болки во кој било дел од вашето тело, нормално веднаш барате помош од лекар. Но ако болката е емоционална, како на пример постојаното чувство на тага или беспомошност, луѓето најчесто ја игнорираат и не бараат помош со месеци а некогаш и години. Ако не сте сигурни дали да побарате помош од специјалист, еве ви неколку совети кои ќе ви помогнат додека да донесете одлука.

СреќаВежбајте

Многу луѓе велат дека вежбаат заради подобро ментално здравје. Тие луѓе се во право. Вежбањето е ефективно во борба против лесни случаи на депресија бидејќи го стимулира лачењето на допамин. И не зборуваме за подготовки за маратон. Доволни се 30 минути одење дневно за да го подобрите расположението. А ако преферирате полесни вежби, дури и јогата може да ви помогне да се одбраните од депресија.

Јадете добра храна

Рибата која содржи Омега 3 масни киселини влијае позитивно врз оние делови од мозокот кои влијаат врз расположението. Обидете се да јадете риба со ниско ниво на жива, како лосос или сардини двапати неделно. Заедно со рибата можете да конзумирате и печен компир за доза витамин B6 кој исто така помага во борбата против депресијата. Исто така, храната која содржи многу фолна киселина (како спанаќ, грав и портокали) е полна со серотонин кој го подобрува расположението.

Сонувајте убаво

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Спиењето седум до осум часа е едно од најважните работи што можете да ги направите за подобрување на емоционалното здравје. Според едно истражување, луѓето кои патат од несоница се пет пати поподложни на депресија од оние кои добро се наспиваат. Прескокнете го гледањето телевизија до доцна навечер и запишете сè што ве вознемирува во бележник за да бидете растоварени од грижи. За полесно да заспиете, можете да се обидете со неколку лесни вежби.

Малку тишина

Честа медитација е ефикасна исто колку и лекови во намалувањето на депресијата. Јогата е одлична за расчистување на мислите, но ако не е по ваш вкус, тогаш можете да одделувате по десет минути секое утро за длабоко дишење. А ако не ви се стои во место и сакате да се движите, пробајте го овој метод на медитација: бавно пешачете 20 минути (без музика), гледајте во земјата два метри пред вас и фокусирајте се на подигањето и спуштањето на вашите стапала.

Одете кон светлината

Депресивни луѓе кои биле изложени на светлина еден час по будењето во рок од пет недели покажале подобрување. Времето поминато на отворено го подобрува расположението и е ефикасен начин за борба против стрес. Поминете еден час во парк, или одете со велосипед кога ги извршувате вашите задачи. А ако немате друг избор, пробајте барем да сте блиску до прозорец.

Повикајте пријател

Не е изненадување дека осамените луѓе се поподложни на депресија. За да се чувствувате среќно, обидете се да изградите силна врска барем со тројца пријатели. Автоматизирајте ги средбите со нив, договорете се два пати неделно заедно да вежбате, или организирајте заедничко гледање филмови еднаш месечно. Со нивна помош вашето расположение ќе остане на високо ниво. [6 Natural Ways to Feel Happier]

- Реклама -