6 најефикасни борци против плускавците

Плускавците се најголеми непријатели на нашите нозе, а токму во текот на пролетниот и летниот период се најчести. Новите сандали и чевли што се носат без чорапи најчесто се причинители на непријатните меурчиња кои може да ви го уништат најважниот момент во животот или обичната прошетка да ја претворат во кошмар.

Еве 6 едноставни решенија за борба со плускавците:

1. Алое вера

aloe-vera-juice-benefits

Исечете лист од оваа билка и со сокот намачкајте го плускавецот и болката треба бргу да исчезне.

2. Кантарион

Маслото од кантарион го смирува воспаленото подрачје и го поттикнува зараснувањето на ткивото.

3. Кромид

1296258144

Кромидот има антибактериско дејство. На местото од убод од инсект или плускавецот втријте кромид исечен на половина или едно парче залепете со завој на повреденото место.

4. Лук

Здрава намирница што помага во борбата против брадавиците и плускавците. Може да ги елиминира двата проблеми: едноставно втријте лук на подрачјето 3 или 4 пати дневно, се додека кожата сосема не зарасне.

5. Вазелин и мелем

Планинаревте цел ден, а кога дојдовте дома откривте нов плускавец на стапалото. Пред спиење намачкајте го местото со мелем или вазелин.

6.Чувар-куќа

CIMG0014Small

Свежиот сок од чувар-куќа содржи антибактериски својства поради кои е ефикасен во лекувањето на плускавците. Маста за ублажување на болката може да ја направите сами: 2-3 листа чувар-куќа смелете и ставете ги во газа за да го исцедите сокот. Измешајте со еднква количина бадемово масло и ставете на плускавецот да делува неколку минути, залепете фластер и истата постапка повторете ја три ноќи по ред.

- Реклама -