6 најбаксузни луѓе во историјата

Громови Сте добиле некогаш чувство дека сте најголемиот баксуз на светот или дека познавате некој кој е најголем баксуз? Лоши вести! Не можете ни да се приближите до луѓето кои се најдоа на оваа топ листа. Ако некогаш постоела лоша среќа, тогаш веројатно е супер-концентрирана во овие шест примери.

Сте добиле некогаш чувство дека сте најголемиот баксуз на светот или
дека познавате некој кој е најголем баксуз? Лоши вести! Не можете ни да
се приближите до луѓето кои се најдоа на оваа топ листа. Ако некогаш
постоела лоша среќа, тогаш веројатно е супер-концентрирана во овие
шест примери. 

6. Џејсон и Џени Кернс-Лоренс

Кернс-ЛоренсБаксузни се зашто: Биле нападнати од терористи повеќепати и од Џон Меклејн.

Првиот пат, британските туристи се нашле во Њујорк, на 11 септември 2001 година, за време на нападите на кулите близначки. Од целиот настан заминале неповредени. Но, на 7 јули 2005 година, се случило да се најдат во Лондон, за време на најголемиот терористички напад во историјата на земјата, кога серија бомби експлодираа низ транзитниот систем во градот. Мислевте дека приказната завршува тука? Три години подоцна брачниот пар заминал на одмор во Мумбаи, Индија. Таму го засведочиле најголемиот терористички напад во историјата и на таа земја. Тогаш веќе им дошло преку глава и одлучиле да не го кратат одморот и да го одуживаат до крај, без разлика на ужасната случка.

5. Виолет Џесоп

Виолет ЏесопБаксузна била зашто: Речиси потонала со брод…. 3 пати!

Поморското суеверие велело дека е лоша среќа да се има жена на бродот откако сидрото ќе се подигне, зашто тоа го разлутувало морето. Исклучок од ова правило била ситуацијата во која жената била гола, зашто тогаш морето се смирувало. Којзнае, доколку Виолет Џесоп одлучела да се ослободи од својата облека, можеби Титаник никогаш немало да потоне.

Но, нејзината приказна не започнува со Титаник. Првпат испловила со сестринскиот брод на Титаник – Олимпик, на кој работела како стјуардеса. На 20 септември 1911, тој се судрил со британски воен брод. Никој не бил повреден, а Виолет заминала да служи на новиот, непотонлив брод – Титаник. Потоа следувала сантата мраз и…. сите сте го гледале филмот. Но, во 1916, Џесоп одново се нашла на брод, овојпат како медицинска сестра на Британик. Тој брод налетал на подводна мина и потонал. Виолет Џесоп се спасила со мала повреда на главата. Живеела сè до 1971 година.

4. Ен Хоџис

Ен ХоџисБаксузна била зашто: Ја удрил метеорит!

На 30 ноември 1954 Ен Хоџис била среде својата попладневна дремка на каучот, кога еден од трите фрагменти од метеоритот ја удрил во колкот. Ако некој рече дека би можело секому да му се случи, тогаш одговорот е – не! Се работи за единствениот забележан случај во историјата.

3. Рој Саливан

Рој СаливанБаксузен бил зашто: Го удрил гром…. седум пати!

Статистички гледано, шансите да ве удри гром се еден спрема 3 илјади. Да ве удри гром 7 пати, шансите се отприлика 1 спрема 22 септилиони. Експертите велат дека професијата на Саливан (рејнџер во подрачје со чести бури) ги зголемиле шансите да биде често удиран од громови. Доколку не е тоа, тогаш мора да се работи за мутант со најлошата супер-моќ во историјата.

2. Џин Роџерс

Баксузна е зашто: Прилично сè!

ГромЏин не била удрена од гром 7 пати, но и 2 се доволни. За да се дополни сликата, паднала од брод за време на крстарење, лилјак се вљубил во нејзиниот скалп и не попуштал повеќе од половина час, била ограбена, пукале во неа, ја давеле и како цреша на шлагот – успеала да падне во шахта!

„Смртта не ме плаши, но затоа сум преплашена од животот“ изјавила таа во едно интервју.


1. Цутому Јамагучи

Цутоми ЈамагучиБаксузен е зашто: Само два града во историјата беа уништени од атомски бомби. Тој бил и во двата.

И не само што успеал да ги преживее обете бомби, туку Јамагучи е сè уште жив!

Среќа во несреќата.

- Реклама -