6 апликации кои не смеете да ги пропуштите

Оваа недела беа пуштени многу апликации. Погледнете ја листата.

1.Disney’s Story- Disney излезе со нова апликација оваа недела наречена Story. Користејќи фотографии и видеа изработени од камерата на вашиот телефон, апликацијата автоматски создава виртуелен storybooks за конкретен настан, давајќи информации за времето и меестата од фотографијата.

photo20

2.Running with friends- Zynga излезе со нова игра за серијата With Friends, наречена Running with Friends. Во оваа игра вие трчате по улиците на Шпанија, каде сте бркани од бикови. Како што трчате треба да внимавате да ги избегнете бурињата, балите сено, полициските автомобили и се разбира биковите. Лесно може да играте и од мобилниот телефон и од таблетите.

3.Flipboard за Android- Flipboard најави бројни новитети оваа недела, вклучувајќи и големи надградувања за апликацијата за Android смартфоните и таблетите, што им овозможува на корисниците да креираат свои магазини за прв пат.

4.Marvel Unlimited- Marvel ја пушти Marvel Unlimited апликацијата оваа недела. Нов начин за корисниците на Android да го искусат над 70 години постоењето на стриповите на Marvel.

marvel

5.Netflix за iOS- Netflix пушти надградба за својата iOS апликација. Надградбата носи нова post-play функција за iOS апликацијата, со што почнува да се игра нова епизода на шоуто веднаш што претходното завршува. За филмови има три најдобри препораки за филмови, кои се покажуваат на екранот, при завршувањето на филмот, дозволувајќи ви брзо да поминете до другата секција.

screen-shot-2013-05-11-at-2-14-09-pm

6.Angry Birds Friends- Rovio ја пушти Angry Birds Friends за Android оваа недела. Играва ви овозможува да ги предизвикате вашите Facebook пријатели да се справат со лути птици.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -