Секој има сопствена претстава за како подобро да се заштеди гориво, особено откако цените се удвоија. Сепак, најгоелм дел од начините за штедење не се ништо повеќе од митови. Ова се шестте најпознати разбиени митови за штедење гориво.
Секој има сопствена претстава за како подобро да се заштеди гориво, особено откако цените се удвоија. Сепак, најгоелм дел од начините за штедење не се ништо повеќе од митови. Ова се шестте најпознати разбиени митови за штедење гориво.
Потребно е повеќе гориво за да се запали возилото, отколку ако тоа работи додека стои во место
Постојат луѓе кои ги оставаат своите возила запалени кога излегуваат и одат да завршат некоја работа, поради сознанието дека повторното палење ќе потроши повеќе гориво. Ова е точно, доколку излезете на 30 секунди за да купите нешто од трафика, но ако го оставите моторот да работи подолго време во стоење, тогаш повеќе од сигурно е дека ќе претрпите загуба. Моторот за работа во стоење (во зависност од моделот) троши помеѓу 1 и 2 литри гориво. Тоа значи дека ќе ве чини нешто преку 1,2 денари по минута.
Возилата мора да се загреат пред возењето
Ова можеби било точно некогаш, но денешните возила немаат никаков проблем да бидат ставени во погон неколку секунди по палењето.
Како што возилото старее, потрошувачката се зголемува
Доколку возилото се одржува како што треба, дури и со старост преку 15 години може да ја има истата потрошувачка како и штотуку купеното. Од друга страна, и релативно ново возило кое не е добро наштимано, може да троши далеку повеќе од спецификациите.
Менувањето на филтерот за воздух ќе заштеди гориво
Ова било точно до 1976 година, во карбураторските денови. Модерните мотори со вбризгување на гориво немаат поголема корист од чист филтер за воздух.
Адитивите во горивото ја зголемуваат неговата ефикасност
Нема докази за ваквото тврдење. Но, едно е сигурно, горивата со адитиви дополнително ви го празнат паричникот.
Премиум горивата ја намалуваат потрошувачката
Ако верувате во ова, подобро уште веднаш дајте им ги парите што сакате да ги заштедите на бензинските пумпи. Користете премиум горива, само доколку тоа е наведено во спецификациите на вашето возило. [Six gas mileage myths]