50% од Канаѓаните живеат јужно од црвената линија

Густината на населението често знае да биде импресивен параметар, особено кога е пресликано на мапа. А особено кога зборуваме за земји како Канада.

Ако ја земеме црвената линија на сликава како референца, излегува дека 50% од целата популација на Канада живее на (условно речено) малата територија јужно од неа.

Еве попрецизен приказ на распореденоста на населението:

За волја на вистината, соодносот на канадската територија над и под црвената линија не е баш реално прикажан на мапиве, бидејќи проекцијата на Меркатор (која официјално ја користиме во географските атласи) најмногу ги дисторзира големините на териториите блиску до половите. Сепак, дури и кога би се земал во предвид реалниот сооднос, разликата нема да биде голема – над црвената линија температурите од -40°C не се воопшто изненадувачки. А луѓето, ете, некако не се по таквиот студ.

- Реклама -