Пред Оскарите, како по обичај, беа доделени и наградите кои ама баш никој во филмскиот свет не сака да ги добие, популарните Razzies т.е. „Златна малина“ т.е. анти-Оскари.
Годинава, доминираше „Fifty shades of Grey“ – зема 5 малини: за најлош филм, за најлош актер и најлоша актерка (Џејми Дорнан и Дакота Џонсон), најлош пар и најлошо сценарио. Додуша, наградата за најлош филм ја подели со филмското (не баш) остварување на Џош Тренк – „Fantastic four“, за кој самиот Џош Тренк освои награда за најлош режисер.
Како хајлајт се издвојува моментот што Еди Редмејн доби награда за најлоша споредна машка улога за филмот „Јupiter Ascending“, а лани баш тој му го зема Оскарот на Мајкл Китон (во Birdman) за најдобра главна машка улога, за улогата на Стивен Хокинг во „The Тheory of Еverything“.
Во продолжение, листа од сите „среќници“ .
Најлош филм: „Fantastic Four“ и „Fifty Shades of Grey“
Најлош режиср: Џош Тренк, „Fantastic Four“
Најлош актер: Џејми Дорнан, „Fifty Shades of Grey“
Најлоша актерка: Дакота Џонсон, „Fifty Shades of Grey“
Најлош актер во споредна машка улога: Еди Редмејн, „Jupiter Ascending“
Најлоша актерка во споредна женска улога: Кејли Квоко, „Alvin and the Chipmunks: The Road Chip“
Најлош пар: Дакота Џонсон и Џејми Дорнан „Fifty shades of Grey“
Најлош римејк: „Fantastic Four“
Најлошо сценарио: „Fifty shades of Grey“
Годинава беше „амнестиран“ Силвестер Сталоне, кралот на златните малини. Човекот е апсолутен рекордер, досега бил номиниран 33 пати, а добил вкупно 8, меѓу кои и за најлош актер на векот и деценијата. Речиси и да нема филм во кој Сталоне се има појавено или режирано, а кој не добил номинација. Ама ете, „Златна малина“ знае да пушти срце и да им прости на поранешните добитници на анти-Оскарот, кои во меѓувреме се искупиле со добра улога, а оваа година Сталоне тоа го направи во кожата на Роки Балбоа во филмот „Creed“.