50 нијанси на сиво: Мокар до кожа, секси до небо- Кристијан Греј

Фотографиите на Џејми Дорнан кои пристигнуваат од Ванкувер од снимањето на филмот „50 нијанси на сиво“ најавуваат нешто интересно, што ќе ги воодушеви сите љубители на овој млад ирски актер.

Освен тоа што екранизацијата на овој бестселер без сомневање ќе биде летен кино хит, досега видените слики потврдуваат дека по излегувањето на филмот, Џејми Дорнан сигурно ќе биде истакнат како најсески фраер од Холивуд.

Дури и оние скептичните на таквата прогноза ќе мора да се согласат дека 31-годишниот актер кој е во улога на Кристијан Греј во лежерно спортско и влажно издание, ќе ја привлече женската публика со својот мачо изглед.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали
- Реклама -