50 нијанси на сиво, како да не…

Во последно време, од сите страни не напаѓа „50 нијанси на сиво“. Како контра-удар на целата таа еуфорија, се чувствуваме должни да го спомнеме следниот факт: Луѓето можат да разликуваат само 30 нијанси на сивата боја.

Се разбира, ова е груба проценка, а зависи од разни фактори, како осветленоста, текстурата на површината, позадинската боја и слично. Во зависност од ситуацијата, можеме да разликуваме по некоја нијанса повеќе или помалку, но сепак, 30 е „златната средина“.

Патем, сликата погоре е оптичка илузија. Всушност, лентата во средината е во само една нијанса на сиво. Градираната позадина прави лентата да изгледа како да има различни нијанси по својата должина.

Од друга страна, човечкиот вид е многу побогат кога се работи за бои. Се смета дека луѓето се способни да разликуваат околу 10 милиони уникатни бои. Мал дел од луѓето се способни да видат и повеќе.

- Реклама -