Таа често е критикувана заради несоодветното однесување за нејзините години, и многумина велат дека е време да се помири со возраста и да престане да се однесува како тинејцерка. Сепак, ова воопшто не и пречи на убавата Деми Мур, која овој викенд најде одлична причина да излезе и да се дружи со пријателите на нејзината ќерка, на фестивал во Лос Анџелес. Имено, главната причина поради која таа и се придружи на младата разиграна толпа, беше перформансот на нејзината ќерка Румер (24), која настапи заедно со нејзиниот бенд. Судејќи по фотографиите, Деми која изгледа доста помладо од нејзините врснички, а очигледно има и помлад дух, одлично се вклопи во неколку децении помладата генерација.