50 години брак во Полска не се зафрканција

Нема многу земји/нации што доделуваат медал за долг брачен живот, но Полска е баш таква.

Медалот е воведен од полскиот парламент во февруари 1960-та. Се доделува на парови кои се во брак барем 50 години. Единствениот друг услов е парот да има барем едно дете, било „свое“ или посвоено.

Брачните партнери, еден по еден, пристапуваат на црвениот килим во таканаречената Свадбена палата за да го примат својот медал – сребрен, со розева лента и прекрстени рози во средината. Во позадина, членовите на семејството и роднините ги поздравуваат со аплауз и честитки.

Полска е интензивно католичка земја, па традицијата се негува во многу од градовите. Според податовите на претседателскиот кабинет, се доделуваат по околу 65.000 брачни медали секоја година.

Брачните успеси се препознаваат и слават и во други делови од светот. Во САД, на златната годишнина добивате честитка од Белата Куќа, а во Британија, по 60 години брак добивате порака од кралицата, која и самата пред некое неколку години ги исполни условите.

Во многу од комунистичките земји, патем, се доделуваат признанија за имање многу деца. Во Романија, во социјалистичката ера, се доделуваше таканаречен „Орден на мајката херој“. Го добиваа мајки што имаа 10 деца, што мора да се признае, е херојски чин.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

Сепак, никаде во друга земја признанието не е во форма на претседателски медал како во Полска. Таквите обично се резервирани за воени достигнувања.

Многу историчари, па и други интелектуалци, се согласуваат дека медалите се индикација за тоа што една земја го смета за важно. Таков е и случајот со медалот на Полска, воведен (како што рековме) во 1960-та година под комунистичка власт. Тогашниот полски комунистички лидер – Владислав Гомулка, и самиот бил среќно оженет, а на разводите и скандалозното сексуално однесување (на пример – неверство) гледал со презир. Така, полскиот брачен медал е рефлексија и на неговиот сопствен мајндсет.

Во меѓувреме, брачната сцена во Полска, како и во светот, е прилично сменета. Според полскиот Завод за статистика, во 1980-тите само 13% од браковите завршувале со развод. Во 2012-та тој број достигнал околу 32%. Во споредба со дргуи земји, и тоа е пристојно. Во Латвија и Португалија во 2011-та, според податоците на Eurostat, дури 70% од браковите завршиле со равод.

- Реклама -