Северина и нејзината свадба веќе подолго време е главна тема по медиумите. Свадбата ќе чини вкупно 50 000 евра, една порција чини 70 евра, и повикани се 500 гости. За младоженецот специјално се креира посебна облека.
Менито на свадбата ќе биде доста богато. Ќе има разни морски плодови и разни врсти на месо. Младоженците ќе преспијат две ноќи во лукзурен апартман во хотелот „Краун плаза“, кој 700 евра две ноќевања но според изворот тие ноќевања им се бесплатни.
Венчавката се планира со полна пареа и таа ќе се одржи на 21 ноември.
Северина сака гламурозна венчавка, па затоа и оние кои живеат надвор од Србија, ќе можат да преспијат во хотел кој чини 170 евра за една ноќ од човек.
Не се сомневаме во вкусот на Севе, и може да кажеме дека тоа ќе биде венчавка на годината.