5 загрозени видови кои се подготвуваат за камбек

загрозени видовиМногу екосистеми и животни страдаат поради загадување, уништувањето на природата и климатските промени. И поради ова, постои се поголем ризик дека голем број на животни можат засекогаш да исчезнат. Но, некои животни, со помош од луѓето, полекa но сигурно се одалечуваат од листата на загрозени видови.

Многу екосистеми и животни страдаат поради загадување, уништувањето на природата и климатските промени. И поради ова, постои се поголем ризик дека голем број на животни можат засекогаш да исчезнат. Но, некои животни, со помош од луѓето, полекa но сигурно се одалечуваат од листата на загрозени видови.

Сивиот волк

загрозени животни

Откако бил доведен на раб на истребување во триесетите години на минатиот век, бројот на сиви волци во континенталниот дел на САД има достигнато 5000 единки. Владата на Америка недоамна го тргна сивиот волк од списокот на загрозени видови, но откако неколку здружанија посочиле дека 5000 не е доволно голем број, федерален судија ја оценил одлуката за неважечка. Ова значи дека сивиот волк е сè уште заштитен како загрозен вид, што значи дека популацијата и понатаму ќе може да се искачува.

Џиновската панда

загрозени животни

Неодамна речиси беше сигурно дека џиновската панда целосно ќе исчезне, но благодарејќи на неколку програми за парење на џиновски панди во заробеништво, нивната популација достигнала 1500 единки. Дополнително охрабрување доаѓа од кинеската влада која вети дека ќе започне голема програма за презервација на природната средина на џиновските панди.

Белоглавиот орел

загрозени животни

Поради големата употреба на пестицидот DDT во шеесетите години од минатиот век, популацијата на белоглави орли паднала на само 417 парови. Но овие величествени птици направија камбек и се отстранети од листата на загрозени видови. Во моментов има околу 10000 парови во дивината.

Грбавиот кит
загрозени животни

Поради лов, бројот на грбави китови достигнал само околу 1500 единки во четириесеттите години на минатиот век, но нивниот број драматично се зголеми по забраната за ловење во 1963. Денес има околу 40000 грбави китови во океаните, но тие сè уште се на листата на загразони видови.

Алигаторот од Јангцекјанг

загрозени животни

Алигаторот од реката Јангце во Кина речиси беше истребен во осумдесетите години од минатиот век кога шумите били сечени за да се создаде обработливо земјиште. Овој вид кој е стар над 230 милиони години, и се смета за жив фосил, во моментов е претставен со само 150 единки кои живеат во дивината.

- Реклама -