Студот нè тера да се вратиме во кујната, да ги побараме зачините кои ни носат топлина, силен вкус и голем број здравствени бенефити, како зголемена енергија и подобрен имунитет. Зачините биле една од највредните работи со векови поради нивните кулинарски и медицински својства. На пример, кинеските доктор уште од античко време го користат ѓумбирот за лечење болки.
Студот нè тера да се вратиме во кујната, да ги побараме зачините кои ни носат топлина, силен вкус и голем број здравствени бенефити, како зголемена енергија и подобрен имунитет. Зачините биле една од највредните работи со векови поради нивните кулинарски и медицински својства. На пример, кинеските доктор уште од античко време го користат ѓумбирот за лечење болки.
1. Лук
Покрај тоа што го брка Дракула, лукот, омилениот зачин во Италија, го подобрува холестеролот и го намалува крвниот притисок. Конзумирње на половина до една главица лук дневно може да го намали холестеролот за речиси десет проценти. Вашиот здив ќе страда, но вашето срце ќе ви биде благодарно. Како антибакетриска состојка, лукот често се користи за третман на благи инфекции.
2. Цимет
Уште еден антички зачин кој неодамна стана фокус на научно истражување е циметот. Циметот најчесто се користи за колачи и торти но во Азија, и посебно во Индија, циметот се користи како лековита тревка со векови. Многу клинички студии го поврзале циметот со намалување на шеќерот во крвта. И лабаратористките и студиите направени врз луѓе покажуваат подобрена инсулинска осетливост како и подобрување на нивото на холестерол. Циметот исто така врши детоксификација на системот и ги стимулира мозочните функции. Неговите антисептички својства му овозможуваат да се бори против инфекции на мочниот меур.
3. Кари
Ако поради болки во зглобовите не го сакате студот на есенските денови, тогаш малку кари на вашиот оброк може да помогне. Во една контролна студија, на 107 пациенти со остеопороза во колената им биле давани или по 800 mg ибупрофен или 2 грама екстракт од Curcuma domestica, една од состојките во Кари. Резултатите кај двете групи биле речиси исти, и сите пациенти пријавиле намалена болка при одење и искачување на скали.
4. Ким
Одличен додаток за оброци со месо, зеленчуци, морска храна, и сосеви, кимот го подобрува имунитетот и исто така ја подобрува функцијата на црниот дроб, ги намалува гасовите и помага во варењето.
5. Ѓумбир
Совршен додаток за зеленчуци, маринади, и слатки, ѓумбирот е вкусен и во чај. Ѓумбирот може да помогне во намалување на ефектите на артритис, главоболки и болки во мускулите.
Сепак, многу е важно секогаш да се советувате со вашиот доктор пред да започнете лечење со зачини за да избегнете несакани последици. На пример, бидејќи лукот и ѓумбирот ја разредуваат крвта, па луѓето кои се подготвуваат за операција, и оние кои се веќе под терапија за разредување на крвта би требало да внимаваат.