5 важни нешта што наскоро ќе ги снема во светот

Едноставно, луѓето земаат се што имаат „здраво за готово“. Но, во меѓувреме, на светот му се закануваат сериозни недостатоци од неколку клучни нешта – предупредува Independent.

 

АНТИБИОТИЦИantibiotics[1]
На светот му снемуваат антибиотици. Тоа значи дека и рутинските болнички процедури можат да станат смртоносни.
Проф. Сели Дејвис предупредува на пораст на инфекциите отпорни на антибиотици, а како пример го наведува постоењето на само еден ефикасен лек против гонореја. „Има проблем во производството на антибиотици. Нема да имаме нови антибиотици, а ќе имаме нови болести“, вели таа.
 
МОРСКА ХРАНАDai-Fishing-Full-Net[1]
Ако човештвото продолжи со моменталниот лов на морскиот свет, до 2048-та, може да останеме без морска храна.
Гринпис проценува дека 63 проценти од глобалните залихи на риби се изложени на претеран риболов, па е потребна „итна акција“ за обновување на нашите океани.
 
ЧОКОЛАДОimage[1]
Јадете додека можете. Според експертите, светскиот недостаток од какао би можел да го претвори чоколадото во екстремен луксуз, и тоа само до 2020-тата. Се проценува дека во иднина, чоколадата каква што ја знаеме, со какао и какао путер, ќе биде заменете со ефтини состојки како нугатот и грозјето. Чоколадото е кршливо благодарение на количината на какао путерот, но во иднина, производителите ќе користат растително масло, па чоколадото ќе се витка.
 
ВИНОwine[1]
Ако може да се верува на најновиот извештај на Morgan Stanley, на светот се повеќе му недостасува вино. Наводно, интернационалната побарувачка далеку ја надминува постоечката залиха.
 
ЗЛАТОBrazil, Minas Gerais state, Ouro Preto, gold nugget from a mine (Gold Route, Estrada Real)
Не повеќе од две децении не делат од исцрпување на светските залихи на злато, како што покажува листата на Wall Street Journal. Комбинацијата од зголемената цена на извлекувањето на златото, како и трошоците за рудниците, значи дека се потешко и потешко ќе се доаѓа до благородниот метал.

- Реклама -