Нема потреба да станувате дури во зори за да би имале време да ја „поттикнете“ вашата убавина. Потребни се само околу 20 секунди за вашето лице да заблека во полн сјај.
Антиоксидантен серум
Витамините Ц и Е помагаат да ја заштитите кожата од слободните радикали. Заедно со нив и кремите со заштита се ефикасни во борбата против надворешните влијанија.
Јадете протеини
Пецивото за појадок заменете го со јајца и јогурт.
Чаша вода
Дехидрацијата не само што предизвикува да се чувствувате лошо, туку и прави вашата кожа да изгледа суво и безживотно. После ноќниот одмор на телото му се потребни течности, а најдобар избор за ова е чаша млака вода.
Раздвижете се
Жените кои вежбаат имаат поквалитетен сон, а со самото тоа изгледаат и подобро и посвежо. Доколку не ви одговара навечер, започнете го денот со 15-минутно утринско вежбање.
Одлучете се за мирис на цитрус
Доколку користите препарати со есенција на цитрус, побрзо ќе се пробудите. Исстражувањата полажале дека цитрусите го намалуваат стресот и поттикнуваат зајакнување на имунитетот.
Прскајте го лицето
Во ладилникот секогаш чувајте шишенце со минерална вода, со која наутро ќе го прскате лицето. На овој начин побрзо ќе се расоните и крвта ќе ви проструи низ образите.