Како најлесно да препознаете луѓе кои се обидуваат да ве изманипулираат? Едноставно – проверете дали покажуваат знаци на некои од следниве 5 типови однесување.
Како најлесно да препознаете луѓе кои се обидуваат да ве изманипулираат? Едноставно – проверете дали покажуваат знаци на некои од следниве 5 типови однесување.
1. Подмачкување
Кога манипулативните луѓе сакаат да им направите услуга, претходно ќе направат да се почувствувате убаво, со тоа што ќе ви поделат комплименти или ќе направат нешто ситно што ќе направи да се почувствувате важни. Ова ќе предизвика ситуација во која ќе биде невозможно да кажете не кога ќе ве замолат за нешто.
Решение: Возвратете на комплиментите пред да ги одбиете.
2. Вина
Играњето на картата вина не функционира само за мајките. Предизвикување на вакво чувство кај другите со цел да се помислат дека мора нешто да сторат е манипулативна тактика која функционира со векови наназад. Во личните врски, ова создава нездрава атмосфера и луѓето ги прават нештата затоа што чувствуваат обврска, а не затоа што сакаат.
Решение: Ако некогаш добиете вакво чувство, прашајте ја личноста која го предизвикала дали сака да направите нешто затоа што сакате или затоа што морате. Ако ви кажат – сакам да сакаш да го направиш тоа; – знајте дека се работи за манипулација и кажете им дека не сакате и се чувствувате како нешто да ви се наметнува.
3. Расипана плоча
Тактиката „расипана плоча“ веројатно е една од најефикасните. Некои луѓе мислат дека ако доволно пати го повторат барањето или желбата на, за нијанса поразличен начин, жртвата ќе попушти само за да замолчат.
Решение: Кажете им дека не ви е јасно што е неразбирливо во зборот „не“ и дека повторувањето на една иста работа нема да донесе резултати. Важно е да потенцирате дека постојат граници кои не би требало да бидат пречекорени.
4. Селективна меморија
Правите план за нешто и сите се согласни. Потоа, еден ден, манипулаторот ви го претставува разговорот во сосема друго светло, т.е. онака како што нему му одговара.
Решение: Снимајте ги разговорите. Ако ова ви изгледа малку екстремно, тогаш во ситуации кога знаете дека се договарате со манипулатори, имајте сведок при рака, некој што ќе може да потврди дека манипулаторот ги сменил деталите што не му се вклопувале во планот.
5. Нападност
Кога манипулаторот нема да го добие она што го сака, неретко се решава да стане нападен, т.е. да ве направи да изгледате како негативец во приказната.
Решение: Стојте цврсто на својата позиција. Кажете му дека не можете да бидете заплашени. Запомнете – ако еднаш им се предадете на манипулаторите, манипулациите нема никогаш да престанат.