5 типови мажи со кои не треба да влегувате во брак

Дали постојат мажи од кои треба да се држите настрана по секоја цена, затоа што врската или потенцијалниот брак ќе се покаже како најлоша фрустрација? Да, постојат и секоја жена барем еднаш во својот живот се сретнала со еден таков. Прочитајте кои 5 типови мажи на треба да ги пуштате во вашиот живот, според „Huffington Post“.

1. Некој кој сѐ уште мисли на неговата поранешна

Секоја од нас била со овој човек. Зборува дека е готово со неа, но на секој чекор зборува и ве споредува со неа.Знајте дека тој не ја преболел, а додека не го направи тоа, ништо од бракот.

man-texting-while-on-date

2. Некој кој сега не е подготвен за врска

Ова е човек кој со задоволство ќе се забавува со вас, но кога ќе дојде премногу блиску или ќе заклучи дека не е заинтересиран за вас, ќе ја искористи можноста да ви каже дека сега не е спремен. Едно прашање за овој човек: Дали навистина не е подготвена или тоа е само изговор за да раскине со вас?

3. Некој кој чека подобра прилика

Го знаете оној тип: тој што те сака, но секогаш се прашува дали постои во универзумот уште подобра верзија на вас. Искрено, не треба да бидете со човек кој никогаш нема да помисли дека сте доволно добри за да се омажите за него.

4c716b88e27b0b2c_Couple-Fighting4. Некој кој излегува со девојки 15 години помлади од него

Ова е човек кој има 47 години и е успешен во својата работа, но сите негови другари беа се оженени, па тој мора да излегува во клубови со 25-годишни. Надвор е до три наутро, чека да „собере“ некој девојка и кога ќе зграпчи некоја 25-годишна се убедува дека е со него затоа што тој е фраер, а не поради неговиот автомобил.

5. Некој кој сѐ уште се пронаоѓа во својата кариера

Ако има околу 40-тина години и уште не знае што да прави со својата кариера, верувајте ни дека нема намера да се ожени. Мажите мора да бидат остварени во своите кариери, или барем да знаат во која насока тргнале пред да бидат способно да се смират во брак.

- Реклама -