5-те најлоши туристи на светот

Нашиот свет е полн со чуда, а со малку среќа и вие можете да се најдете меѓу оние преплавени од вонвременската убавина на античките парчиња уметност и фантастичните природни феномени.Се разбира, освен ако некој таков феномен од турист не ве престигне и ги уништи засекогаш.

Тинејџер уништил 3000 години стар египетски храм

Во мај 2013-та, кинескиот тинејџер Динг Џинхао, додека бил на тура низ античкиот египетски храм, дошол до заклучок дека местото е прилично досадно и го заживеал со гравура во ѕидот. Како знаеме дека бил тој? Па, сторителот бил доволно паметен да го изгравира баш неговото име.

1idioti

Така, храмот кој успешно останал недопрен од војните, инвазиите и немилосрдноста на времето цели 3 милениуми, потклекнал под бранот на досада на 15-годишниот турист. Ништо од ова немало да се случи ако неговите родители му дозволеле да го понесе неговото Nintendo DS што во случајов, по нивна заповед останало во хотелската соба.

И после некој ќе рече дека видео игрите биле штетни…

„Хеј, чуден октопод, мислам дека треба да го изедам“

2idioti

Американскиот турист Лаброс Хидрас се брчкал некаде во водите на Грција, кога налетал на октопод со шест нозе. Лаброс веднаш увидел дека има нешто чудно кај овој „хексапод“, па разбирливо, го изел. Откако завршил со оброкот, го побарал својот пријател биолог, за да му го потврди она што претходно му било кажано од локалниот готвач – имено тоа бил само втор примерок на октопод со шест нозе во светот. По извинувањето кон готвачот што одбил да го зготви реткиот примерок, Хидрас признал дека му е жал, најмногу, како што сам вели, бидејќи вкусот му бил ист како на обичен окотопод.

Фото-сесија со ранет делфин

Група туристи кои неодамна пливале на плажа некаде во регионот Хаинан во Кина, нашле повреден делфин кој лебдел во водата блиску до брегот. Се претпоставува дека делфинот бил удрен од глисер.

Во некој паралелен универзум, групата се јавила на властите кои веднаш пристигнале и го спасиле кутрото животно, додека во позадина свирела познатата песна на Мајкл Џексон од филмот „Free Willy“ – „Will You Be There“.

Во реалноста, групата мачо-момци направиле цела фото-сесија со животното, безгрижно виткајќи го неговото тело додека ги покажувале мускулите. Веднаш по сесијата, делфинот починал, делумно од ударот, делумно од повредите при фото-сесијата, а најмногу од срам дека бил виден со наведената група инфантилни туристи.

http://youtu.be/qmLJF9Q91k4

Турист оштетил статуа на Богородица од 14-от век

4idioti

За време на посетата на „Museo dell’Opera del Duomo“ во Фиренца, турист од Мисури, САД, ненамерно го скршил малиот прст на статуата на Богородица, која датира од 14-тиот век. Притоа, посетителот имал совршено логична причина, а тоа било да го спореди својот мал прст со оној на статуата. Дали му требала мерката за да си направи иста таква статуа дома, не знаеме, но утешително е што за разлика од 600 години старата скулптура, прстот бил релативно понов. Што пак би значело дека и порано некој го направил истото…

Планинари ја украсиле „Карпата на Мохер“ во Ирска

Карпата на Мохер е една од најубавите глетки и воедно една од најпознатите туристички дестинации во Ирска. Со векови, таа стои таму како потсетник дека луѓето се тука за кратко, додека природата е таа што засекогаш ќе остане.

Импресивната глетка не била доволна за француските посетители, кои сметале дека значително ќе ја подобрат ако направат да изгледа како гаражна врата од секојдневниот градски живот. Така, членовите на туристичкото дуо, кои себеси се нарекуваат „Мама“ и „Прљавиот Едоир“, нацртале 2 и пол – метарски графит врз едноличниот камен, а прикачиле и туторијал на Youtube, во случај некој да сака да помогне во разубавувањето.

5idioti1

Благодарение на иновативните туристи, за многу скоро време можеме да очекуваме на ова место да биде изграден скејт-парк.

- Реклама -