Жените имаат свои тајни, но ниту мажите не се ништо подобри. Без грижи, тоа не се некои страшни завери против женскиот пол, туку нивен одбрамбен штит под кој ја кријат својата несигурност или го одржуваат нивниот мачо-имиџ. Ви ги откриваме петте тајни кои мажите не сакаат да ги споделат со жените.
1. Мислат дека се најдобри во кревет
Во ова поле повеќето мажи го доживуваат врвот на својата самоувереност. Од необјасниви причини, тие сметаат дека на ова поле им нема рамен.
2. Тешката шминка на женските лица не им е воопшто привлечна
Посилниот пол всушност преферира природни девојки без шминка, но доколку знаете да ја нанесете истата на правилен начин, ќе го соборите на колена. Сепак, силната шминка само предизвикува да се запрашаат како ли навистина изгледате штом имате потреба за толку голема маска.
3. Сексот под туш е преценет
Феноменалниот секс под туш кој често пати е прикажан во филмските сцени, во реалниот живот за мажите и не е така возбудлив. За волја на вистината, ваквата положба на телото им ја отежнува пенетрацијата.
4. Сакаат мазење
Прегратките, чешкањето и нежните бакнежи не се слабост само на жените. И мажите понекогаш ги имаат овие потреби, и сакаат да добијат и пружат нежност на едноставен начин.
5. Љубомората секогаш постои
Речиси и да не постои маж кој во одреден момент не почувствувал љубомора. Без разлика дали станува збор за тоа неговата девојка да погледне некое друго згодно момче, или пак таа да добие внимание од некој додворувач, љубомората е рефлексна реакција кај нејзиниот партнер.