Температурите се приближуваат до 40-тиот степен. Како да ги преживеете горештините? Избегнувајте престој на сонце во најтоплите делови од денот, носете соодветна облека, внесувајте доволно течности и лесна исхрана, советуваат лекарите.
Болните и постари личности во најтоплиот дел од денот не би требало да излегуваат, а прошетки треба да практикуваат наутро и навечер.
Ова се 5 едноставни совети за преживување на топлите горештини:
1. Лесна исхрана со многу овошје и пет оброци дневно
2. Доколку сте излезени понесете си шише со вода
3. Соодветна облека од лесни материјали и шешир
4. Изложување на сонце не повеќе од еден час
5. Избегнувајте подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот