Најверојатно сите кои поседуваат iPhone, iPad или iPod веќе ја направиле надградбата на оперативниот систем со најновата верзија iOs 7 но, што ако тоа предизвика поголемо трошење на батеријата. Еве неколку совети како да го подобрите работењето на смартфонот.
Најпрво одете во менито Setings, General каде ќе ја најдете опцијата Background Apps Refresh која треба да ја исклучите. Причината за тоа е што Background Apps Refresh постојано ги „активира“ апликации и тие работат во позадина на системот, исто така на овој начин нема потреба да ја исклучите оваа опција кај секоја апликација поединечно.
Вториот чекор е да отидете во менито General, Accessibility каде ќе ја најдете опцијата Reduce Motion која исто така многу ја троши батеријата, па исклучете ја бидејќи не е од никакво значење.
Третиот чекор зависи од вас и се однесува на опцијата за локации. Тука може да ги исклучите сите опции за лоцирање како компас, најчести одредишта и многу други кои навистина не ви се потребни.
Доколку сте претплатник на iTunes системот е наместен на автоматско надградување, како и избор на музика и други содржини кои може да се превземаат, па затоа најдобро е да го исклучите бидејќи троши многу батерија, а тоа што ве интересира сами ќе го пронајдете, а повеќето од вас сигурно и воопшто не купуваат песни од овој сервис.
Петтиот совет за вас е поврзан со користење на mail сервисот. Тука постои една опција наречена fetch data која автоматски ја рефрешира содржината на mail сервисот, па како и другите така и оваа опција не ви е потребна, бидејќи тоа се прави рачно кога ќе го користите mail сервисот.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk