5 секс тајни што таа тешко ќе ви ги довери (+18)

Мажите не знаат многу за потребите на жените во креветот. Можеби темата никогаш не дошла на ред или можеби таа е премногу срамежлива за да довери вакви информации. Иако секоја жена е различна, повеќето ќе се сложат околу следниве нешта:

 

ТАА САКА СЕКС КОГА „ЌЕ ДОБИЕ“

Општо земено, ова е точно, но треба да се знаат неколку нешта. Туширањето пред сексот е задолжително. Проблем со кој може да се соочите е повремено сува вагина. Ако користи тампони, по отстранувањето пред сексот, очекувајте малку понеудобно триење. Лубрикантот нека ви биде при рака. Таа ќе се „загрее“ прилично брзо, ама сексот „на суво“ може да биде многу непријатен и болен, па не брзајте. Добрата страна е што таму доле може да стане премногу влажно за кратко време. Таа ќе биде прилично расположена, благодарение на хормоните.
 

ТАА НЕ САКА СЕКС БЕЗ ПРЕСТАН

Како маж, треба да знаете кога да се повлечете, опуштите и уживате во плодовите од својот „напор“. Задоволната девојка крај вас е прекрасно нешто, па не го упропастувајте заради желбата да се докажете. Љубовните машини постојат, ама жените сакаат љубовник. Жените сакаат оргазми исто како и вие, ама еден е доволен – нека биде добар. Вториот е бонус, но не треба да вклучува мачење и очајнички потези за да успее. Ако таа е расположена за повеќе, без гајле, ќе ви покаже.
 

ПРСТИТЕ МОЖАТ ДА БИДАТ НЕПРИЈАТНИ

Кога ги користите прстите за да ја задоволите својата жена, запаметете дека влезот во вагината има голем број нервни завршетоци, за разлика од внатрешноста. Искористете го ова знаење. Поентата е дека за таа да чувствува задоволство, треба да се држите до одредени зони: надворешниот влез во вагината, внатрешноста при површината и Г-точката. Бидете нежни, ако таа сака подлабоко и повеќе прсти, ќе ви каже. Чистите, исечени и уредни нокти се задолжителни, освен ако не сакате да ја повредите, а можеби и инфицирате.
 

ТАА НЕ САКА ДА ПРОБУВА НОВИ НЕШТА

Постојат толку многу нешта што таа сака да ги проба, ама „не смее“ да ги каже или потегне иницијатива. Меѓу нив и нешта кои се плаши да ги направи: анален секс, игра со прстите, секс на јавно место, играње улоги… Ништо премногу страшно во сето тоа. Многу луѓе ги прават, а резултатите можат да бидат повеќе од добри. Започнете ги вие темите, но без инсистирање. Одоколу. Патем, покажете и дека со вас може отворено да зборува за своите скриени фантазии. Алтернатива – составете секс листи и разменете ги. Напишете ги вашите фантазии, погледнете ги и проучете ги нејзините. Можеби ќе се најдете на средина.
 

ТАА Е РАСПОЛОЖЕНА ЗА СЕКС НАУТРО

Генерално, жената што не е, тоа вешто ќе го избегне (ќе се преправа дека спие). Ако сакате да пробате друга тактика, искористете ја утринската ерекција и благо допрете ги вагиналните усни. Повторете го тоа неколку пати и многу е веројатно дека „ненаметливото“ заведување ќе ви успее. Трикот е во тоа да ја доведете од сонлива до состојба на висока возбуденост. Оралниот секс може да се покаже како подеднакво корисен, ако вие лично сте расположени за тоа, така сабајлечки. Сеедно, ако се решите за првиот трик, навлажнете го пенисот пред да го употребите, ако треба и со плунка. Така, наместо да ви рече „Аман, само што се разбудив“, одговорот веројатно ќе гласи „Ммм, тоа е добро“. Не се сите фанови на утрински секс, па кога не оди, најлошо е да правите сцени.

- Реклама -