5 работи што жените ги мразат во предиграта

На жените особено им е важна предиграта, затоа што ако тој дел тргне наопаку, не може да се опуштат и веројатно нема многу да уживаат во сексот. Иако во сексот секој е различен, речиси и да не постои жена на која не и пречи барем една од следните машки грешки:

1. Грубост

Мажите вообичаено се возбудуваат побрзо од жените, а кога се напалени, повеќето сакаат малку погруби допири. Жените, пак, се различни – некои сакаат грубост, а некои не, но сите мислат дека предиграта служи за добро да се загреат, за што им е потребно време и нежности.

2. Повторување

Многу мажи, вклучувајќи ги и оние кои за себе мислат дека се мајстори во кревет, немаат врска за уште една женска тајна. Кога мажот ќе заклучи дека жената нешто сака, или таа сама ќе му каже, тој тоа го повторува секогаш. На жените тоа им се допаѓа, но по некое време престанува да биде интересно, а тоа особено им смета кај оралниот секс.

sex-vs-religion

3. Рутина

Двојките кои добро се познаваат се ослободени од срамежливост. Меѓутоа, нив ги чекаат други замки – досадата и рутината, а често се случува на жените сексот да им стане досаден. Имајќи предвид дека машката филозофија функционира на тој начин дека за самозадоволување им е доволно само малку да „поработат“ и оргазми доживуваат и по повеќегодишно повторување на мисионерската поза, тешко им е да ја разберат потребата на жените за разновидност.

4. Груб орален секс

Има жени кои уживаат во сексот и не страдаат од проблеми со доживување оргазам, отворени се и спремни за експриментирање, но ќе ве изненадат со одбивање на орален секс. Има многу причини, а најечста е онаа дека повеќето мажи го прават тоа лошо.

tumblr_ktb0frq2EM1qzr53co1_500

Една од основните работи што треба да ја знаат мажите е: малку е да се каже дека на жените не им се допаѓаат сува уста и јазик како и голем притисок. Таквите грешки предизвикуваат спротивен ефект – девојките ги боли и во секунда може да им се олади желбата за секс. Кога се во прашање вагината и клиторисот – забите се апсолутно забранети.

Исто така, и брадавиците кај некои жени не трпат „грицкање“. Тоа не доведува и до последната голема машка грешка, а тоа е…

5. Вртење на брадавиците

Неколку анкети меѓу мажите покажуваат изненадувачки резултати: дури и оние најискусните мислат дека вртењето на брадавиците ги возбудува жените, додека мажите што не го праваат тоа ги сместуваат во „сексуални незнајковци“.

tumblr_lvg3pnCfiJ1qf385vo1_500

Како и секогаш има исклучоци, но правилото до кое мажите би требало да се држат е – ако девојката не го сака тоа, не обидувајте се да бидете груби со нејзините брадавици. Жените обожаваат лижење, па и лесно допирање со забите или триење со прстите, но не сакаат грубо гризење или грубо стискање.

- Реклама -