Жени… Тешко е да се разберат бидејќи сите се посeбни и различни. Но, тие одлучно се согласуваат за неколку теми, а тоа е дека на овие пет работи кај мажите, тие не можат да останат рамнодушни:
1. Мирисот
Жените го обожаваат мирисот на мажот, не парфемите и дезедорансите, туку телесниот мирис. Ниту еден маж не мириса исто, како и ниту една жена, секој е посебен на свој начин. Мирисот ги „пали“ жените, иако дезедорансот ја одржува пријатната миризба. Едно истражување вели дека жените може да ги привлекува некој маж, иако не му го виделе лицето, само преку неговиот мирис.
2. Манири
Манирите зборуваат многу за еден човек, особено кога станува збор за состанување и врски. Ако си некултурен кон таксистот или келнерот, девојката ќе помисли дека може да бидеш таков и со нејзе. Кога збориме за манири, ништо се нема сменето од минатото. Мора да бидете културни и внимателни, бидете мажествени, но пристојни. Никогаш не е мажествено, вулгарното и некултурно однесување.
3. Нежната страна
Иако важна е вашата силна, згодна и мачо страна, сепак (скоро) секоја девојка ќе се заљуби малку повеќе во вас откако ќе ја покажете и вашата нежна страна. Масажи, галење, топли бањи, тоа не ве прави помалку мажи, а ќе и пружите огромно задоволство на саканата. Секако и нежен, искрен разговор е секогаш плус.
4. Споделување на тајни
Иако повеќето мажи сметаат дека не треба да ја покажат меката и ранлива страна, на жените тоа им е секси и така ги чуствуваат за поблиски. Таа нема да ве гледа како слабаци, туку ќе го цени тоа што имате доверба и делите тајна со нејзе. Споделувањето зближува, на следниот интимен разговор споделете некоја тајна, видете како ќе реагира.
5. Танцување
За некои жени, нема ништо посекси од маж кој танцува. Танцувањето е како страсен секс, ама со облека. Танцувањето води кон други секси работи. Можеби не сте некој талент, но во наредна прилика заиграјте со вашата сакана, ќе внесете ведрина и блискост во вашиот однос.