Не е тајна дека прво правило на сите диети е: За да намалите тежина, мора да јадете помалку калории отколку што трошите. Покрај тоа, правилата за губење килограми се многу пофлексибилни одошто мислите. И како што многу луѓе знаат од лично искуство, нешто што функционира кај една личност, не функционира кај сите.
Не е тајна дека прво правило на сите диети е: За да намалите тежина, мора да јадете помалку калории отколку што трошите. Покрај тоа, правилата за губење килограми се многу пофлексибилни одошто мислите. И како што многу луѓе знаат од лично искуство, нешто што функционира кај една личност, не функционира кај сите.
1. Мерете се само еднаш неделно.
Не постои единствено правило за мерење кое важи за сите. Некои луѓе имаат подобри резултати со секојдневни мерење, а другите без воопшто да се мерат. Се работи за личен избор. Ако мерењето секој ден или еднаш неделно ви помага да останете фокусирани, слободно придржете се до вашата вообичаена рутина. Ако честото мерење кај вас предизвикува опсесија, можете да ја оцените својата тежина со нередовно мерење или со забележување на промените на големината на вашата облека.
2. Избегнувајте десерти.
Се додека внимавате на калориите, десертот не е забранет, без разлика дали се работи за овошје или чоколадна торта. Некои луѓе сакаат да се ограничат себе на едно парче десерт дневно, други сакаат да уживаат во еден голем десерт неделно. Во која група и да спаѓате, дефинитивно е можно да се задоволи вашата потреба за нешто слатко без да го уништите вашиот обид за слабеење.
3. Контролирајте ја големината на порциите во секој оброк.
Грешка! Можете да се прејадете со зеленчуци како краставици, моркови, целер, домати, печурки, пиперки итн. се додека ги подготвите на здрав начин, бидејќи имаат малку калории а многу растителни влакна. Тие побрзо ќе ве заситат и ќе ви помогнат да ослабите со јадење повеќе.
4. Не го скокајте појадокот (тој е најважниот оброк во денот).
Некои луѓе едноставно не се условени да јадат рано наутро, тоа е сосема нормално. Не постои причина да појадувате со сила ако не сте гладни, сè додека не се прејадувате подоцна во денот. Наместо појадок можете да јадете подоцна во денот, откако ќе ви се вклучи апетитот.
5. Најлесно се слабее со салати.
За жал, некои салати имаат повеќе калории отколку хамбургер со порција помфрит, и тие најверојатно нема да ви помогнат да ослабите. А ако не сакате салати или тие не го задоволуваат вашиот апетит, дури можат и да ви наштетат. Најдете поинтересна опција за ручек или вечера која ќе го возбуди вашиот вкус и ќе го задоволи вашиот апетит. Подолго ќе се придржувате до диетата ако уживате во она што го јадете.