5 погрешни проценки: Актери кои одбиле култни улоги

Дури и најголемите професионалнци понекогаш знаат погрешно да ја протолкуваат вредноста на сценариото, па ги одбиваат понудените улоги во филмови кои подоцна станале легендарни.Дознајте за најголемите филмски пропусти на холивудските актери.

nico

Џек Николсон како Мајкл Корлеоне во „The Godfather“

Пред Ал Пачино да ја добие улогата на Мајкл Корлеоне и со нејзина помош да се пробие во „елитното друштво“ на светската кинематографија, истата му била понудена на Џек Николсон кој ја одбил. Подоцна тој изјавил: „Знаев дека филмот ќе стане вистински хит, но ја одбив улогата само зошто во тоа време сметав дека Индијанците треба да ги глумат Индијанци, и дека и Италијаните треба да го направат истото“.

Denzel-Flight

Дензел Вашингтон како Дејвид Мајлс во „Se7en“

Филмот кој ги вивна меѓу ѕвездите Дејвид Финчер и Бред Пит, очигледно не бил доволно примамлив и за Дензел Вашингтон. Тој ја одбил улогата на детективот Дејвид Мајлс сметајќи дека Финчер го направил ликот премногу мрачен.

sean

Шон Конери – The Lord of the Rings и The Matrix

Своевремено еден од најмаркантните холивудски актери, Шон Конери, во дамнешните денови имаше прилика да го прошири неговото портфолио со уште неколку генијални филмови. Имено, тој ја одби улогата на Гандалф во славната триологија „The Lord of the Rings“, како и карактерот на Морфеус во „The Matrix“. Иако никогаш не ги кажа причините за тоа зошто ги одбил овие улоги, сепак, неодамна призна дека му е жал за донесените одлуки.

Прочитајте и:  Зошто некои мегаѕвезди го напуштија Холивуд?

kevin

Кевин Костнер како Енди Дуфрен во „The Shawshank Redemption“

За разлика од предходните примери, на Костнер оваа одлука значително му влијаеше во текот на неговата кариера. Ѕвездата која беше актуелна во 80-те и 90-те, поради опседнатоста со филмскиот проект „Waterworld“ кој се покажа како вистинско „фијаско“ ја одби улогатакоја подоцна ја доби Тим Робинс. За разлика од „Waterworld“, „The Shawshank Redemption“ кој според IMDB е најдобро оценетиот филм на сите времиња.

tom-selleck

Том Селек како Индијана Џонс

Гледајќи од денешна перспектива, Индијана Џонс без Харисон Форд е исто како „Braveheart“ без Мел Гибсон. Имено, иако Спилберг го сакал Форд за улогата, Џорџ Лукас не се сложувал со него бидејќи бил презаситен од неговата застапеност на филмските платна. Одлуката паднала на најпознатите мустаќи од малите екрани, Том Селек. Тој ја прифатил улогата, меѓутоа, неговата телевизиска куќа ја забранила работата на филмот, сметајќи дека таа би му влијаела негативно на неговите перформанси во „Magnum“.

- Реклама -