5 подесувања со кои ќе ја заштедите батеријата на вашиот паметен телефон

Ако имате паметен телефон, сигурно секојдневно имате проблеми со батеријата на уредот. Тоа е вообичаен проблем за повеќето сопственици на овие гаџети.

Бидејќи паметниот телефон може да се полни во кола или на работа на обичниот корисник ретко му се случува да остане без батерија. Обично корисниците започнуваат да бараат совети и трикови затоа како да ја задржат батеријата полна за време на одмор или долго патување, кога можностите за полнење на истата се ограничени.

Од Telegraph информираат дека има пет лесни поставки кои можете да ги промените за да го продолжите животот на батеријата на вашиот паметен телефон.

Затемнете го екранот

Не ви треба целосна осветленост на екранот на вашиот телефон преку целиот ден. Да, постои шанса на дневна светлина потешко да ги разликувате фотографиите и текстот, но за сметка на тоа ќе заштедите енергија од батерија.

Затворете ги апликациите кои не ги користите

Апликациите во мобилните платформи постојано работат во позадина и тоа ја троши батеријата. Инсталирајте си обична апликација за управување со софтверот, кој ќе ве известува за тоа колку и кои апликации работат во моментот. Така ќе можете да ги исклучите кога батеријата ви е во опаѓање.

Исклучете ги GPS-от, Bluetooth-от и WiFi, кога не ги користите

Постојаното скенирање на вашата локација и скенирањето за мрежи во близина на вас, многу брзо ќе ја батеријата, па затоа многу е важно да го исклучите GPS-от, Bluetooth-от и WiFi.

Сменете ги поставките на звучните сигнали и известувања

Многу телефони реагираат на различни начини кога го допирате екранот или кога добивате различни известувања. Проверете ги соодветните поставки и ако има нешто што не е многу важно за вас, исклучете го.

Скратете го времето за чекање на екранот

Колку побрзо ќе го исклучите екранот откако ќе престанете да го користите, толку подолго ќе трае вашата батерија. Затоа поставете го накраткото време за чекање за да ви се исклучи екранот (screen time-out time) и така ќе успеете барем малку да го продолжите животот на вашата батерија.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -