5 нешта што никогаш не треба да ги откривате на Facebook

фејсбукНајголем дел од луѓето што користат интернет веќе имаат свој профил на најголемата социјална мрежа во светот, Facebook. Но, фактот што можете да најдете речиси секого таму, го прави Facebook одлична подлога за спроведување истраги, за крадење лични информации и уште многу нешта што можат да бидат (зло)употребени против вас.

Најголем дел од луѓето што користат интернет веќе имаат свој профил на најголемата социјална мрежа во светот, Facebook. Но, фактот што можете да најдете речиси секого таму, го прави Facebook одлична подлога за спроведување истраги, за крадење лични информации и уште многу нешта што можат да бидат (зло)употребени против вас.

Facebook1. Датумот и местото на раѓање

Доколку го впишете полниот датум на раѓање, заедно со местото каде што сте родени, им давате добра шанса на криминалците да ви го дознаат матичниот број и потоа да го злоупотребат против вас. Затоа, барем не ја вклучувајте годината и местото на раѓање, а вашите пријатели сепак ќе можат да ви го честитаат роденденот.

2. Плановите за одмор или долги отсуства

Немојте да се изненадите доколку по објавувањето на вашите планови за одмор, се вратите одморени и откриете дека сте ограбени. Информациите бргу се шират, а ограбувачите не сакаат ништо повеќе од станови кои се празни на подолги периоди.

3. Домашната адреса

Ова е уште еден од податоците што можат да им помогнат на луѓето кои злоупотребуваат нечии лични податоци. Во најмала рака, поставете ги сите подесувања за приватност на највисоко ниво и не прифаќајте луѓе што не ги познавате како пријатели.

4. Не се исповедајте

Ако си ја мразите работата, не пријавувате данок, користите нелегални супстанци итн., сметајте дека тоа не е информација што сите треба да ја добијат. Во денешно време, не само што работодавците многу често ги надгледуваат своите вработени (и чекаат изговор за некој да добие отказ), туку и полицијата решава сѐ повеќе случаи, користејќи ги податоците што корисниците на Facebook доброволно ги објавуваат на оваа социјална мрежа.

5. Ризично однесување

Доколку сакате да се тркате по улици со пријателите во ноќите, ако имате навика да летате со параглајдер или пак пушите по неколку кутии дневно, можеби би било најумно тоа да не го споделите со сите. Во светот започна една пракса, осигурителните компании да ги проценуваат своите клиенти според повеќе фактори, вклучително и преку социјалните мрежи. Иако ова сѐ уште не е случај кај нас, како што се менуваат времињата, може многу бргу да биде; а она што еднаш било објавено на интернет, тешко се брише.

- Реклама -