5 необични нешта што водат кон повеќе секс

Малите нешта можат да доведат до големи промени.

 

1. Покачување на платата
Нема човек што нема да се израдува на покачување на платата. Повеќе пари значат повеќе самодоверба и растовареност, а кога овие две нешта ќе се спојат, луѓето се многу поспремни за забава со другата половина.

2. Досадување пред ТВ
Иако телевизорот во спалната го нарекуваат „убиец на страста“, Одредени студии покажуваат дека паровите што имаат ТВ апарат во спалната практикуваат двојно повеќе секс од оние што го чуваат настрана од љубовното гнездо. Дури 29% проценти од испитаниците рекле дека гледањето на досадни ТВ програми ги води кон тоа да побараат забава на друго место во спалната…

3. Адреналински спортови и прошетки
Некои студии покажуваат дека мирната вечера и одењето во кино дефинитивно не спаѓаат во излегувања што го зголемуваат сексуалното возбудување. Наместо тоа, се тврди дека одењето на адреналински спортови е совршена подготовка за страстна ноќ исполнета со секс.

o-SEX

4. Црно вино
Една студија објавена во „Journal of Sexual Мedicine“ покажува дека жените што преферираат црно вино имаат посилен сексуален нагон од оние кои пијат други алкохолни пијалоци. Црното вино влијае на растот на либидото – факт што треба да се има во предвид ако планирате акција во спалната соба.

5. Потење
Звучи чудно, но жените ги возбудува мирисот на потта на нивниот партнер. Студија објавена во „The Journal of Neuroscience“ објаснува дека мирисот на пот на мажот, го зголемува нивото на кортизол кај жените, а со тоа го намалува стресот. Вреди да се проба, по партијата баскет или фудбал, одиграјте уште една партија во креветот. Во најлош случај, ќе се преместите под тушот.

- Реклама -