5 најможни научно фантастични филмови

1235737666.jpg Научно – фантастичните филмови не се само за вонземјани и за некои чудни технологии, како на пример телепортерите. Сега многу популарниот жанр – научната фантастика е „призејмена“ и е базирана на можната наша наука/технологија. Секако дека има некои СФ филмови што се по(не)веројатни од другите: дали Империјата навистина има толку човечка сила за да ја изгради (двапати) Ѕвездата на Смртта во Star Wars филмовите?

Научно – фантастичните филмови не се само за вонземјани и за некои
чудни технологии, како на пример телепортерите. Сега многу популарниот
жанр – научната фантастика е „призејмена“ и е базирана на можната наша
наука/технологија. Секако дека има некои СФ филмови што се
по(не)веројатни од другите: дали Империјата навистина има толку човечка
сила за да ја изгради (двапати) Ѕвездата на Смртта во Star Wars
филмовите? Додека легии на фанови на СФ жанрот го дебатираат ова
прашање, еве неколку примери што се истакнуваат.

 1.  2001: A Space Odyssey (1968)
odiseja.jpg
Не е случајно што класиката 2001 е „замотан“ во добра наука, имајќи парче од умот на покојниот и голем Arthur C. Clarke. Искуството на Clarke во науката го информирало и го инспирирало за средината  во 2001, опишувајќи геосихронизирани сателити, вештачка интелегенција и комерцијални вселенски летови(звучи познато, нели? Можеби затоа што денеска тоа е реалност.)

2. The Truman Show (1998)
ruman_show.jpg
Тешко е за многу млади луѓе да се сетат, но имаше време пред да постојат 24часовните репортажи од вестите и треската наречена „реално шоу“. „The Truman Show“, со Џим Кери во главната улога како звезда(или подобро кажано, жртва)на воајеристичко телевизиско шоу гледано од билиони околу целата планета, ја предвиде Американската неделна забава. Не само што беше можно тоа да се случи, туку сега и постои во големите хитови како Big Brother и Survivor.

3. Gattaca (1997)
gataka.jpg
Во не премногу далечната иднина во футуристичкиот свет на Gattaca, гените на децата се пре – селектираат од нивните родители од високата класа; оние бебиња чии гени се несовршени се третираат како граѓани од втор ред. Денеска ДНК анализата е честа и неколку компании нудат генетички тест за само неколку стотици долари. Генетичко профилирање? Компаниите за осигурување како ги одбиваат оние клиенти со генетички предиспозиции за болест? За многумина, овој страв овој не е научна – фантастика, туку научен – факт.

4. Iron Man (2008)
iron_man.jpeg
Херојот на Marvel Comics, Тони Старк е генијален изумител чиј неговиот оклоп од железо – дополнет со механички ексоскелет управуван од компјутери – е најверојатно најмогу научно можен отколку оклопите/костимите на повеќето суперхерои. Иако многу од гаџетите на Iron Man, како на пример неговиот рачен ласер и чизмите – ракети остануваат научна фантастика, во многу случаеви научните принципи се запазени. Единственото нешто кое би го направило овој косум невозможен се практичните проблеми – неговата тежина и трошоците за правење.

5. Jurassic Park (1993) 

 

jura.jpg

 

Дел од тоа што го направи Michael Crichton(автор на книгата – да, филмот е базиран на книга)толку популарен е неговата способност да експлоатира со моменталната научна технологија. Научно – фантастичните филмови отсекогаш биле за „Што ако?“, и неколку модерни автори ги споија научните факти со научната фантастика толку успешно. Иако научниците се далеку од клонирање диносауроси(не направија многу после Доли,клонираната овца)  – сепак, научните темели се тука. До крајот на веков, вистински клонирани диносауроси можеби ќе бркаат туристи низ улиците.
 

- Реклама -