5 најлоши статуси на Facebook

facebookFacebook, сакале ние да признаеме или не, стана значителен дел од животот на најголемиот дел луѓе. За жал, навиките од реалниот живот, луѓето ги пренесуваат и на социјалните мрежи, а Facebook, како најлошата меѓу нив, успеа да ја извади сета генијалност од корисниците… вклучително и петте најлоши статуси.

Facebook, сакале ние да признаеме или не, стана значителен дел од животот на најголемиот дел луѓе. За жал, навиките од реалниот живот, луѓето ги пренесуваат и на социјалните мрежи, а Facebook, како најлошата меѓу нив, успеа да ја извади сета генијалност од корисниците… вклучително и петте најлоши статуси.

facebook1. Инспиративна мудрост

„Успехот е патување, не дестинација“. Кога се на Facebook, се чини дека многумина не прават ништо освен смислување инстант мудрости и просветлувања кои не можат да бидат искористени на ниедно друго место на светот. Затоа, решаваат да ја споделат мудроста со вас и да ви го продлабочат животот. И ова не би било толку страшно, доколку истиот тој човек нема цел фото албум во кој го има во секоја поза од пијанството во кое не знаел каде се наоѓа.

2. Цитати

„Секој човек умира. Не секој човек живее“ Вилијам Волис

Исто како во случајот со мудроста, и тука се предава некоја голема вистина, со посочување на изворот. Проблемот со ваквиот статус е тоа што човекот кој го постирал статусот во мигот или дреме пред компјутер не знаејќи што понатаму со денот, неделата, животот или сл.; или пак е заглавен во канцеларија со едно чудо луѓе кои ги мрази, но наместо да направи нешто за тоа, утре повторно ќе дојде на работа и ќе го мине денот на Google барајќи инспиративни цитати за да го пастира во коцката за статуси. Неговите пријатели ќе кликнат лајк, наградувајќи го затоа што научил како да прави копи-пејст.

3. Нејаснотии

Нејаснотии

„Двајца воини играат џамлии во окото на бурата. Коренот на злото е студенилото“.

Во секоја листа на пријатели има барем еден кој никогаш нема јасно да каже што мисли. Не дека не може, но кога ништото ќе го завиете во (лоши) метафори и нејаснотии, тогаш почнува да се чини дека таму се крие некаква содржина. Нормално, ова ќе повлече некои од пријателите да прашаат: „Што се случило? Можам ли да помогнам?“ итн. И гладниот за внимание ја остварил целта.

4. Нејаснотии 2; пасивна агресија

„Нели ви доаѓа да пукнете кога некои најдобри пријатели се испоставува дека ви се непријатели?“

Ова е чист кукавичлук. Ако нешто ви пречи, кажете го тоа. А и онака, колку „најдобри пријатели“ можете да имате? Наместо да се криете зад нејаснотиите, многу подобро би било да напишете: „Еј, Дејан, сметај дека од утре не правиме муабет, зашто беше последниот кој очекував да ми закачи нож во грб!“ Вака, никој нема да се двоуми околу скриената порака.

5. Голема празнотија

„Само што си дојдов“, „Ќе јадам“, „Кучето ми ги изеде папучите додека се туширав“, „Везам“, итн.

Дали искрено мислите дека некого го интересира секој ваш чекор? Ако сакате да го споделите секој еден момент од животот со светот и да си замислувате дека сте во некое реално шоу, би требало да заете дека тоа е индикација за човек чиј живот е толку обичен што мора и најбезначајните нешта да ги сподели со сите. Можете во секој миг да очекувате некој од листата на пријатели што ќе ви каже дека е време да замолчите. [The 5 Worst Possible Facebook Status Updates]

- Реклама -