Научната фантастика не би била тоа што е без специјалните и прилично напреднати оружја што се користат во приказните од овој жанр. На посебно ниво се наоѓаат егзоскелетите или поедноставно кажано – борбените оклопи што на хероите им даваат предност над чудовиштата, вонземјаните, непријателите од секаков вид. Ова е листа на петте најдобри такви оклопи што некогаш се појавиле.
Научната фантастика не би била тоа што е без специјалните и прилично напреднати оружја што се користат во приказните од овој жанр. На посебно ниво се наоѓаат егзоскелетите или поедноставно кажано – борбените оклопи што на хероите им даваат предност над чудовиштата, вонземјаните, непријателите од секаков вид. Ова е листа на петте најдобри такви оклопи што некогаш се појавиле.
5. Борбениот оклоп на Проните („Област 9“)
Покрај одличниот оклоп, ова чудо од прилично новиот филм „Област 9“ има интегриран топ што испушта молњи на едната рака и неверојатно брз митролез на другата. Дополнително, овозможува да се направи и еден трик со кој се запираат куршумите, како што тоа го правеше Нео. Но, да не ви ја уништуваме забавата – погледнете го филмот.
4. Гундам
Џиновските роботи од јапонскиот цртан филм создаден далечната 1979 година веќе имаат огромна маса следбеници низ светот. Оружјата на роботите се состојат од оружје со голем дострел, штит и оружје за блиска борба, најчесто светлосен меч, сличен на оној што го користат џедаите.
3. Оклоп за забрзување (J.I.Joe)
Овој оклоп, покрај фактот што има интегриран ротирачки митролез и ги подобрува сите физички способности на оној што го носи (освен способноста за глумење), претставува смрт на сите нешта кои ги симболизираше ликот на J. I. Joe! Од друга страна, некои велат дека тоа е знак за воената еволуција, трошењето пари на подобрување на војниците. Останува на вас да пресудите.
2. Засилен оклоп МИ (Starship Troopers)
Eгзоскелетите се отсутни од филмовите од серијалот Starhip Troopers, иако горе-долу, претставуаат основа на целата борба против бубачките во книгата на Хајнлејн. Третиот дел од филмот, на самиот крај се обидува да ја поправи грешката, воведувајќи еден вид борбен оклоп кој ќе го видиме во полн сјај дури по излегувањето на четвртиот дел.
Во книгата, оклопите ги подобруваат сите способности на војникот кој ги носи, а постојат повеќе видови оклопи, во зависност од тоа за што се специјализирани.
1. Товарачот (Alien)
Се работи за виљушкар на стероиди. Секој што ја виде оваа машина во филмот од 1986, уште во истиот момент знаеше дека нема да остане на преместување сандаци од едно место на друго. Се чувствуваше оти ќе биде вмешана во нешто големо – а нема ништо поголемо отколку епската битка на Рипли против вонземската кралица!
„Товарачот“ дава извонрдена сила, има две огромни клешти на рацете и за целосно искуство – мини пламенофрлач.