5 најголеми милионски грешки (видео)

Милионер Ако полека запаѓате во финансиски потешкотии предизвикани од глобалната економска криза, помислете дека секогаш постои и полошо! Следи листата на петте најголеми милионски грешки направени од луѓе кои не можат да обвинат никого освен себеси за истите.


Ако полека запаѓате во финансиски потешкотии предизвикани од глобалната
економска криза, помислете дека секогаш постои и полошо! Следи листата
на петте најголеми милионски грешки направени од луѓе кои не можат да
обвинат никого освен себеси за истите.

5. Ферари фијаското што чинеше 1 и пол милиони долари.
Актерот Еди Грифин прв се пријавил за да се вози со новото Ферари Енцо за хуманитарни цели и промоција на неговиот филм од 2007 година „Црвена линија“. Но, само што почнал со возењето, Грифин прерано свртел, закачил еден конус и се удрил во бетонската заштита, уништувајќи го автомобилот.

{youtube}cNVrMZX2kms{/youtube}

4. Такси од 4 милиони долари! Рускиот виолинист Фелипе Квинт, враќајќи се дома од аеродромот во Њу Арк, во таксито ја заборавил виолината изработена од Антонио Страдивари во 1723 година, со проценета вредност од 4 милиони долари. По 6 часа неверојатна паника, Мохамед Калил, возачот на таксито, пријавил во станицата дека нашол виолина на задното седиште. Како благодарност, Квинт одржал приватен получасовен концерт за Калил и 200 од неговите пријатели возачи. Но, Дејвид Гарет, колега на Квинт не бил толку среќен. На крајот од еден концерт, се сопнал, паднал врз неговата виолина со старост од 290 години и комплетно ја уништил.

Милијардер во Зимбабве3. Потег со рака кој чинел 54 милиони долари. Стив Вин, сопственик на казино во Лас Вегас решил една вечер да направи мала забава за своите пријатели. На истата, посакал да им ја покаже сликата „Сонот“ од Пикасо која се наоѓала во негова сопственост, а која имал намера наскоро да ја продаде за 139 милиони долари. Но, со еден потег на раката, успеал со лактот да направи дупка во платното. Гостите останале без зборови и иако сликата била реставрирана подоцна, Вин не само што не успеал да ја продаде, туку нејзината вредност паднала на 85 милиони. За реставрацијата, Вин платил 90 илјади долари.

2. Бракот кој чинеше 75 милиони долари.
Мадона има направено повеќе грешки во животот, но се чини најскапата од нив беше бракот со британскиот режисер Гај Ричи со кого не потпишала предбрачен договор. Во разводот, судијата одредил оти Мадона треба да му плати 75 милиони долари или речиси по 10 милиони за секоја година брак. Но, не ја жалете, таа и натаму вреди повеќе од 400 милиони.

1. 2 камења и (потенцијалното) наследство од 17 милијарди долари.
Во 1883, д-р Вилијам Хауи заминал да го провери напредокот на изградбата на Канадската Пацифичка пруга. Случајно, наишол на два камења со чудна боја. Заинтригиран, ги зел со себе и ги однел на анализа. Директорот на геолошките истражувања во Канада му рекол оти се безвредни, па Хауи ги фрлил. Еден од работниците ги зел и точно една година подоцна, истиот тој работник, Томас Мареј ја основал Интернационалната Компанија за Никел на Канада. Излегло оти камењата биле полни бакар, на тоа место лежи најголемиот депозит на бакар во светот и моментално рудникот произведува најголемо количество бакар и никел на планетава. Во 2006 година, компанијата била продадена за точно 17 милијарди долари. Наследниците на д-р Вилијам Хауи мора да биле многу лути.

- Реклама -