5 начини како да ја зголемите вашата меморија

Мозокот е најзачудувачкиот и најкомплексниот орган во универзумот и навистина е тажно доколку не го користите! Тој има можност да се адаптира и надградува и како старееме. Неговите крајни граници и способности се само тема на шпекулации, никој неможе во целост да го разбере неговиот капацитет.

И покрај тоа што интелегенцијата не е пресуден фактор за успех и среќа во животот, не би требало да ги занемариме нејзините придобивки. Редовното вежбање на меморијата, ни дава подобри услови за подобро разбирање и учење на работите. Па затоа се одлучивме да ви сугерираме неколку методи за подобрување на мозочните ментални функции.

Играње игри и решавање на загатки
Секоја активност, која наметнува да го употребите мозокот и да нејдете некое решение, докажано е дека ја стимулира меморијата и креативноста. Најдобрите игри за стимулирање на меморијата се шахот и судоку.

Развивање на концентрацијата
Доколку практикувате медитација или некоја ваша лична ментална вежба, вие во суштина ја подобрувате најпрво вашата концентрација. паметните луѓе е докажано дека можат подолго време да останат концентрирани, а со тоа и да ги анализираат и изведуваат работите подолго и поефикасно.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Размислувајте позитивно
Можеби ова ви звучи како клише, но има научна основа. Кога размислувате позитивно (нп. За што сум благодарен неделава?) вие во суштина се ослободувате од негативните емоции и мисли, кој пак ве исцрпуваат ментално. Во суштина доброто расположение и ведриот дух, ви овозможуваат вашиот мозок да функционира со полн капацитет.

Омега-3 исхрана
За ова сме пишувале и претходно. Оваа масна киселина нашето тело не ја произведува а има голема потреба од неа. Најмногу е застапена во мрсните риби и помага при зголемување на сивата материја во мозокот.

Фотографска меморија
Или подобро познато под англискиот термин mind-maping. Оваа техника е измислена од Тони Бузан (официјално него му се препишува) и е признаена од светската јавност како една од најефикасните методи за зголемување на мозочниот капацитет со најразлични ментални стимулирања!

Ништо не ве чини, доколку некоја од овие важби започнете да ги практикувате редовно. Баш напротив, целиот ваш живот ќе ги собирате придобивките! Не бидете мрзливи, секогаш работете на себе!

- Реклама -