Гери Невил е веќе еден од најголемите експерти на Скај Спортс, а веќе е искусен и во тренерските води по 5 месечниот престој на столчето на Валенсија. Како и Рајан Гигс, Невил имаше можност да учи од едниот од најдобрите во историјата на оваа проблематика – Алекс Фергусон.
На 21 година од Јувентус се пресели во Арсенал и за кратко време стана жива легенда на клубот од Северен Лондон. Синоним за капитен и за расен голгетер. Со Арсенал успеа да освои две титули во Премиер лигата и ФА Куп. Откако го напушти клубот во 2007-та, тој никогаш не се одлепи од него.
Дојде во Арсенал во 1996-тата и го препороди клубот. Беше дел од златната генерација на клубот. Беше перфектен модел на играч каков што сакаше Арсен Венгер, едноставно Беркамп е тоа што Венгер сака да го види на теренот од секој играч. По 2006-тата се врати дома, во Холандија, со својот матичен клуб Ајакс, каде освои 3 титули во домашното првенство како помошник тренер на неговиот некогашен репрезентативен колега Франк де Бур.
И кога популарниот тренер Мартин Тајлер викна He’s done it! по победничкиот пенал против Баерн Минхен и огромниот трофеј на сините, името Дидие Дрогба беше изгравирано со длабоки букви во историјата на Челзи. По освојувањето на четирите Премиер Лиги и четирите ФА Купа и постигнувањето на 164 голови „Сините“ не сакаа ништо повеќе од тоа да го видат нивниот миленик на кормилото на својот клуб. Имаше и муабети дека ќе биде асистент на Хидинг. По фактот дека и самиот Дрогба е заинтересиран да го води клубот, ништо чудно тоа и да се случи.
Ниту Џерард ни Клоп воопшто не ни кријат дека се во постојан контакт, и дека Стиви има замешано прсти во одлуките на Германецот. Самиот Џерард изјави дека можеби ова му е последната година како настапува како професионален фудбалер. Зошто подоцна да не застане на местото помошник тренер на Клоп, па на крајот и менаџер на клубот.