5 изненадувачки знаци за депресија

ДепресијаВеројатно некогаш ви се случиле промени во телото, за кои не сте можеле да најдете логична причина, ниту пак биле поврзани со некоја болест. Можеби ќе ве изненади фактот што поголемиот дел од нив се поврзани со депресијата.

Веројатно некогаш ви се случиле промени во телото, за кои не сте можеле да најдете логична причина, ниту пак биле поврзани со некоја болест. Можеби ќе ве изненади фактот што поголемиот дел од нив се поврзани со депресијата.

Депресија1. Болка во зглобовите и други необјаснети болки

Кога не ви е добро, а не знаете на што се должи тоа, најверојатното објаснување е депресија. Симптомите може да се манифестираат како: главоболки, болки во грбот, болка во желудникот и болка во зглобовите. Состојбата обично се подобрува со излегувањето од депресијата.

2. Проблеми со стомакот

Промените во дигестивниот систем (запек или зачестено одење во тоалетот) се знаци за анкциозност, што е притаен симптом на депресијата. Ова особено важи за жените.

3. Затрупување со работа

Некои луѓе кога ќе се соочат со депресија не можат да функционираат и не стануваат од кревет. Други пак, го прават спротивното – се затрупуваат со работа, т.е. со сите сили се борат против депресијата. Обично кога некој напорно работи, има зацртано напредување во кариерата или пак зголемвуање на платата, но кај работата што е мотивирана од депресија нема таква цел. Во тој случај, работењето служи само за убивање на времето.

4. Параноични мисли

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Дури и некои од најрационалните луѓе, кога ќе се соочат со депресија, започнуваат да размислуваат нерационално. Па така, забележани се примери кога луѓе со највисок степен на образование започнале да плетат параноични приказни дека некој ги следи, дека им биле поставени системи за шпиунирање во куќите, па дури и дека имаат некоја неизлечива болест, која што ќе биде откриена во секој момент.

5. Немање желба за секс

Кога во некоја двојка, едниот партнер одеднаш ќе загуби желба за секс, можните причини се бараат помеѓу: здодевноста, лекарствата, па дури и изневерување со некој друг. Меѓутоа, во голем дел од случаите, особено кај мажите, депресијата може да доведе до намалување на желбата за секс, а во некои случаи дури и до импотенција.

- Реклама -