Секоја сезона носи нов тренд во секоја сфера на модата, а тоа го вклучува и украсувањето на ноктите.
Оваа сезона во тренд се неутралните бои на лак кои прават вашите нокти да изгледаат што е можно поприродно. Но, што се случува со формата на ноктите? Погледнете ги следниве 5 трендови кои се многу популарни оваа сезона…
1. Природен облик на ноктите
Често го гледаме на модните ревии. Овој тренд е особено популарен и се поврзува со природните дизајни. На природниот облик на ноктите најмногу му одговараат нежни нијанси на лакови.
2. Овални нокти
Овалните нокти се уште еден тренд кој може да се забележи на модните писти. Истиот доаѓа како убава комбинација на софистицирана текстура и класичен облик. Започнувајќи од едноставни дизајни, па сè до 3Д апликации, имате широк спектар за креативност при избор на ваква форма на ноктите. Во однос на боите, посмелите девојки можат да изберат интензивни бои, додека пак за покласичните ги препорачуваме бронзените тонови.
3. Нокти во форма на солзи
И покрај тоа што овој облик е се помалку во тренд, сепак сè уште е многу популарен помеѓу жените за време на летната сезона. Шпицестите нокти доаѓаат со различни интерпретации и дизајни, па токму затоа не мора да се ограничувате во поглед на боите.
4. Кратки нокти
Она што можеби ги спојува речиси сите дизајни на нокти е најверојатно нивната кратка должина. Традиционалните, природни и кратки форми се само уште еден специфичен детал во трендовите за нокти за сезоната пролет/лето 2015. Кратките нокти се забележуваат на речиси секоја ревија, и тоа, во комбинација со златни или бели дизајни, бледи или шарени, нежни или природни…Изборот е ваш.
5. Овално-четириаголни нокти
Овој облик е сè повеќе популарен бидејќи станува збор за изглед кој делува многу природно. Овално-четириаголните нокти одлично прилегаат како на кратките, така и на долгите нокти. Со оглед на тоа што во 2015 година е во тренд сето она кое што е „природно“, воопшто не изненадува фактот што и овој облик добива сè повисоко место на листата за популарни нокти.