5 деца-ѕвезди кои преживеаја

Сам дома Најголемиот дел од децата актери кои ги гледаме во филмовите, по некое време исчезнуваат, најчесто проголтани од ненадејната слава со која не можат да се справат или пак не можејќи да направат успешен преод кон возрасни актери. Но, некои од нив, успеваат да се снајдат. Еве 5 најдобри примери.


Најголемиот дел од децата актери кои ги гледаме во филмовите, по некое
време исчезнуваат, најчесто проголтани од ненадејната слава со која не
можат да се справат или пак не можејќи да направат успешен преод кон
возрасни актери. Но, некои од нив, успеваат да се снајдат. Еве 5
најдобри примери:

Тејтум О’Нил 5. Тејтум О’Нил

Тогаш: Тејтум беше најмладата актерка која некогаш освоила Оскар, за улогата на Ади Логинс во „Хартиена месечина“. Потоа играше бејзбол во „Лоши вести за Мечките“, отиде во летен камп во „Малите срциња“ и се омажи за тенисер – во вистинскиот живот. Младата актерка имаше бурен брак кој траеше 8 години, со екцентричниот Џон МекИнро. Дополнително, се бореше со зависноста од секс и хероин.

Сега: И покрај последното апсење за поседување крек, како и задолжителната рехабилитација од дрога која ѝ била наредена од судијата, Тејтум дава сè од себе за да излезе како побдник во животот. Уште не стигнала онаму каде што намерува, но редовната улога на сестрата на Денис Лири во „Спаси ме“, како и двата филма кои се во продукција, а во кои таа ја игра главната улога – „Последна желба“ и „Спасувајќи ја Грејс Б. Џонс“ сигурно ќе ѝ помогнат да се врати на врвот…. или барем блиску до него.

Меколи Калкин4. Меколи Калкин

Тогаш: Како и многу други деца-ѕвезди и Меколи Калкин беше присилен пребрзо да порасне. На 15 годишна возраст, го тужеше својот татко/менаџер и успеа да се избори за еманципација (да има право да живее сам, независно од родителите). Веќе на 18 стапи во брак со актерката Рејчел Мајнер, а се разведе 2 години подоцна. Како дете, успеа да се држи на страна од дрогата и алкохолот, но во 2004 имаше мали проблеми со законот токму поради дрога, но сè добро се заврши со 3 казни од по 1 година затвор кои беа поништени.

Сега: По речиси 10 години отсуство од светот на филмот, Меколи се врати во 2003 со филмот „Кралот на забавите“, а во следната настапи и во филмот „Спасени“. Оттогаш, глумеше уште во мрачната комедија „Секс и појадок“ и имаше гостување во серијата „Кралеви“. Иако не го постигна успехот на своите колеги, сè уште има време за него.

Ана Пакин3. Ана Пакин

Тогаш: Пред да се појави во „Пијано“, единственото актерско искуство на Ана била улогата на твор во училишна претстава во Нов Зеланд, домот од нејзиното детство. За „Пијано“ таа доби Оскар за најдобра споредна улога, на 11 годишна возраст, со тоа станувајќи втората најмлада актерка по Тејтум О’Нил на која ѝ успеало тоа. Оттогаш, Ана работи напорно на сопствената надградба и преминот во возрасна актерка го направи речиси незабележително.

Сега:
Ана имаше забележителни улоги во не толку забележителни филмови како „25-от час“ на Спајк Ли, во кои го покажа сиот свој талент. Но, вистинското нешто дојде во 2000 година кога настапи во "X-Men", што веднаш ја направи една од најбараните актерки во Холивуд. Само оваа година таа работи на 3 филма, а нејзината серија „Вистинска крв“ месецов започнува со емитување на втората сезона.

Кристијан Слејтер2. Кристијан Слејтер

Тогаш:
Кристијан Слејтер првпат се појави на телевизија кога имаше 12 години во „Шерлок Холмс“. Оттогаш се чини оти тој веднаш се престори во возрасен актер, без некој особен транзициоенен период. Секако, постојат филмови од неговиот тинејџерски период, но се чини дека пред да трепнеме се случија „Вистинска романса“ и „Нескротено срце“, а Кристијан веќе беше пораснат. Секако, попатно имаше некои недоразбирања – непријавен пиштол во авион, казна за возење под дејство на алкохол, тепачка со полицајци – но сето тоа, како и неколкуте престои во затвор го направија посилен човек и се чини подобар актер.

Сега:
Тажно беше што неговата серија „Мојот најголем непријател“ траеше толку кратко. Секако, серијата беше прилично ужасна, но начинот на кој го одигра човекот поделен помеѓу улогите на татко од предградие и платен убиец остави нешто по што би можело да се жали. Годинава тој работи на 3 филма и се надеваме дека во иднина ќе го гледаме повеќе.

Дру Баримор1. Дру Баримор

Тогаш:
Светот се вљуби во малата Дру кога таа ја одигра улогата на Герти во ултрапопуларниот филм на Стивен Спилберг од 1982 година – „Е. Т.“ Токму оттаму почна нејзиниот вртоглав пат кон слава и рехабилитација. Иако тежок период, сепак, Дру успеа да го надмине и да се врати со филмови како „Момчиња од страна“ и „Пејач на свадби“.

Сега:
Покрај одличната изведба во филмот „Сивите градини“, Дру настапи како гласот на чивавата Клои во анимираниот филм „Чивавата од Беверли Хилс“, како и во романтичната комедија „Не те сака толку многу“.

- Реклама -