10 изненадувачки причини зошто сексот е добар за вас

Couple-Bed-Sex-Clothes10 годишна велшка студија откри дека тие кои имаат активен сексуален живот се за 50% помалку склони да „испуштат душа“ во текот на сексуалниот однос одошто оние кои се помалку активни на тоа поле. А тоа е само еден мал дел од придобивките за здравјето кога станува збор за редовниот сексуален живот, тврдат експертите.

1happy-couple-md-new0 годишна велшка студија откри дека тие кои имаат активен сексуален живот се за 50% помалку склони да „испуштат душа“ во текот на сексуалниот однос одошто оние кои се помалку активни на тоа поле. А тоа е само еден мал дел од придобивките за здравјето кога станува збор за редовниот сексуален живот, тврдат експертите.

„Има смисла тоа што сексот е добар за вас бидејќи тој ни е потребен за да опстанеме на оваа планета“ вели терапевтот Габриел Морисеј. „За време на сексуалниот однос се вклучени нашиот циркулаторен, нервен и мускулен систем, како и мозокот, па така се случува хармонизирање и тренинг на сè што е важно.“

За жал, тоа е последното нешто што ни паѓа на памет кога здравјето е во прашање. „Имаме таков став дека сексот е луксуз наместо неопходност за нашето добро здравје. Исто така, се смета дека тоа е нешто само за младите и силните, но ефектите се само подобри со стареењето.“

Еве уште 10 здрави причини за да имате поактивен сексуален живот:

1. Помалку срцеви удари и инфаркти
Во филмовите често има ситуации кога мажите имаат срцев удар кога страста кулминира, а сепак статистиките покажуваат дека шансите да се случи такво нешто се еден спрема милион. Истражувањата покажуваат дека да се има секс неколку пати неделно го намалува ризикот од срцев удар и инфаркт за половина.

„При секс се ослободуваат хормоните кои прават да се чувствуваме добро, како дехидроепиандростеронот и окситоцинот,“ вели Др. Дарен Расел. „И тогаш повеќе крв минува низ крвните садови.“

2. Го намалува крвниот притисок и стресот
Во една мала шкотска студија испитаниците беа изложувани на стресни ситуации и се откри дека оние кои имале редовни сексуални односи подобро се справуваат со стресот одошто оние кои апстинираат или имаат помалку редовен сексуален живот. Прегратката од партнерот може да направи чуда, исто така: една студија направена во САД откри дека таа може да го намали крвниот притисок и срцебиењето кај жените во предменопаузата. „Самиот допир ослободува количини окситоцин, па така не мора да доживеете оргазам.“

3. Ја намалува депресијата
Овие хормони кои прават да се чувствуваме добро исто така се спас и од депресијата, иако американскиот психолог Др Гордон Гелуп откри дека жените чии партнери не носат кондом за време на сексот биле помалку склони кон депресија одошто оние со партнери кои користат кондоми. Неговата теорија? Спермата содржи хормон простагландин, кој може да биде апсорбиран преку вагината и да делува како антидепресив. Но ова не значи дека треба да ги избегнувате кондомите, предупредува тој.

4. Превенција од остеопороза
„Кај мажите и жените кои имаат редовен секс, нивото на тестостерон е повисоко, што се поврзува со намалениот ризик од остеопороза и проблеми со коските,“ вели Др. Расел.

5. Превенција од грип и настинки
Повеќе секс значи помалку настинки и грип, велат истражувачите од Пенсилванија. Тие открија дека кога се има секс еднаш или два пати неделно за три пати се зголемува продукцијата на имуноглобулинот, антитело кое го зајакнува имунитетот. Една германска студија откри дека дури и мастурбацијата кај мажите помага да се зголеми бројот на белите крвни зрнца.

6. Превенција од рак на простатата
Неколку големи студии покажаа дека кај мажите во нивните 20ти кои ејакулираат редовно (околу 21 пат во месецот) се намалува ризикот од рак на простатата во позрелите години за третина, во споредба со оние кои ејакулираат 5 до 7 пати месечно. „Не мора тоа да биде при сексуален однос,“ додава Др. Расел.

7. Ослободува од главоболки
Истражувањата покажаа дека сексот може да ја ублажи главоболката, особено кај жените. Ендорфинот и кортикостероидите кои се ослободуваат имаат аналгетски ефект, ублажувајќи ги болките во главата, артритисот, грчевите и други болки во телото. „Ендорфинот е природен лек против болка,“ вели Др. Расел.

8. Го подобрува спиењето
Др. Расел им препишува секс на луѓето со проблеми во спиењето. „Сексот им помага на луѓето да спијат подобро и од него потешко се станува зависен како од лековите како Валиумот. Повторно, моќните окситоцини си вршат работа. За возврат, добриот сон го подобрува менталното и физичкото здравје.“

9. Ве одржува во форма
Некои експерти велат дека 30 минути енергичен секс е еднаков на 15 минути вежбање или одење по скали, а гори помеѓу 360 и 835
килоџули. Се раздвижуваат карлицата, колковите, задникот, рацете, вратот и градниот кош. Пулсот се удвојува од 70 отчукувања во минута до 150, исто колку и кај атлетичарите.

10. Ви требаат уште причини?
Редовен менструален циклус: американските истражувачи открија дека жените кои имаат секс најмалку еднаш неделно имаат поредовен менструален циклус отколку оние кои имаат помалку редовен секс.

Подмладува: Повторно едно истражување откри дека паровите кои имале секс три пати неделно изгледале седум години помлади од оние кои имале секс помалку често. Друго истражување вели дека при секс се зголемува нивото на естроген кај жените, што ја прави нејзината коса посјајна, а нејзината кожа поеластична.

[10 surprising reasons sex is good for you]

- Реклама -