Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на КОВИД-19, информира денеска Министерството за здравство.
Новодијагностицираните се од:
• Скопје – 19
• Радовиш – 5
• Прилеп и Кичево – по 4
• Куманово – 3
• Струмица, Битола и Гостивар – по 2
• Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.
Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г, 61г, 69г, 70г, 71г, 79г, 79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г). Од пријавените, 6 лица починале во домашни, а 8 во болнички услови.
Регистрирани се 147 оздравени пациенти од:
• Скопје – 73
• Куманово – 18
• Прилеп – 17
• Струмица, Штип и Кочани – по 5
• Битола и Велес – по 4
• Виница – 3
• Неготино и Пробиштип – по 2
• Радовиш, Гостивар, Тетово, Кавадарци, Ресен, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Кратово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.
Според податоците на Министерството за здравство, вчера се аплицирани 6.940 вакцини, од кои 2.958 биле прва доза. Досега во државата се аплицирани вкупно 267.167 дози вакцини. Ревакцинирани со втора доза се 42.831 граѓани. За вакцинација се пријавиле вкупно 422.503 граѓани.
Со последните бројки, 46% од населението над 70 години, односно 39% од населението над 65 години, има примено барем една доза вакцина.
Од Министерството информираа и дека од денеска почна вакцинацијата на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести. Притоа се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица од овој Регистар, во кој има 60-ина дијагнози на ретки болести.
Покрај овие лица, ќе се вакцинираат и пациентите со цистична фиброза и родителите и старателите на малолетните лица со цистична фиброза.
Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во „А1 арената – СЦ Борис Трајковски“ во Скопје.
Неделава завршува и вакцинацијата на речиси 2.000 пациенти што се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори, додаваат од Министерството за здравство.