46 нови случаи позитивни на Ковид 19

Двајца пациенти на инфективната клиника во Скопје починале во изминатово деноноќие. Еден е кумановец на 70 годишна возраст кој имал висок крвен притисок и срцева слабост, но неговите резултати од тестот дали е позитивен на корона се уште не се готови. Другиот е на 68 годишна возраст од село од Тетовско а според Министерството за здравство имал артериска хипертензија.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. Но во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 46 нови случаи на коронавирус во земјата.

Куманово е со најголем број 23 ца, од кои половина се здравствени работници од општата болница. Министерството најави дека на пресот кој ќе го одржи министерот Венко Филипче во 16 часот ќе даде дополнителни инфорлмации за состојбата во болницата.

Во Скопје има 13 новозаболени, дебар, тетово велес и гевгелија по двајца а гостивар и прилеп по еден. Од министерството за внатрешни информираат дека од велешките два случаи, една е вработена во полициската станица во Петровец.

Веднаш по откривањњрто на два позитивни случаи во станицата сите вработени беа пратени во домашна изолација. Инаку Вчера се направени вкупно 389 теста, па бројот на тестирања сега се искачи на повеќе од 4.500. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денеска изнесува 430 а главниот град и понатаму има најмногу 208, додека Куманово е втор со 85 случаи.

- Реклама -