44% од Хрватите сметаат дека членството во ЕУ е добро за нивната земја

Најновиот „Евробарометар“ – истражување кое ги испитува ставовите на јавноста во Европската унија, покажува дека 68% од европските граѓани сметаат дека нивните земји имаат корист од членството во ЕУ. Во Хрватска, тој став го делат 66% од испитаниците, а како главни причини се наведуваат тоа што ЕУ отвора нови деловни можности и придонесува кон економскиот раст, одржување на мирот и зајакнување на безбедноста, пренесува Канцеларијата на Европскиот парламент во Хрватска.

Последниов Евробарометар е спроведен во септември, а 62% од европските граѓани се изјасниле дека членството во европскиот блок е добро за нивните држави, што е најголема поддршка забележана во ЕУ од 1983-та година, стои во извештајот.

Во Хрватска, пак, 44% сметаат дека членството во ЕУ е добро за земјата, што е 8 постотни поени повеќе во однос на претходниот Евробарометар од април. Уделот на граѓаните кои негативно се изјасниле околу членството во ЕУ не е променет (ни зголемен, ниту намален) во однос на април, и и понатаму изнесува 14%.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Во Хрватска 61% од испитаниците сметаат дека нивниот глас во ЕУ е важен, додека во остатокот од Европа се доста поскептични – тоа го мислат 48% од европските граѓани.

Сé повеќе Хрвати се информирани дека изборите за Европскиот парламент ќе се одржат во мај следната година, а како приоритетни теми околу кои сакаат да се расправа во изборната кампања се: економијата и растот, борбата против невработеноста на младите, социјалната политика, заштитата на потрошувачите и безбедноста на храната, а потоа и борбата против тероризмот.

via Index.hr

- Реклама -