41 сообраќајки во Скопје во тек на продолжениот викенд

Во текот на продолжениот викенд во главниот град се случиле вкупно 41 сообраќајки, во кои потешко повредени се три лица.

28 лица учесници во овие сообраќајки се здобиле со полесни повреди, додека во 28 случаи биле забележани само материјални штети.

Во петокот се случиле 11 сообраќајки, во саботата 10, во неделата и понеделникот исто така по 10 незгоди.

Исто така, во текот на продолжениот викенд биле казнети 17 возачи кои возеле под дејство на алкохол, исто 17 се движеле со непрописна брзина, 8 поминале на црвено на семафор, 8 не пропуштиле пешак на пешачки премин, 83 возила биле непрописно паркирани, а со помош на „пајак“ биле отстранети 98 возила.

- Реклама -