„ Љубовта личи на танцувањето, едноставно и се предавате на музиката“ – Пирс Бронсан.
Има илјадници мисли за танцувањето, но вистината за танцот ја знаат оние што љубат да танцуваат.
Во Македонија танцот постојано се шири, благодарение на оние кои ја пренесуваат љубовта, им се препуштаат на чекорите и умеат да дишат заедно.
Достоен пример за тоа е фактот дека во Македонија веќе 40 години постои професионален танц.
Имено, првиот танцов клуб во земјава Ритам Плус, основан од Тодор Миладинов, прослави 40 години од своето постоење минатата седмица, со журка во нивен стил – спој на многу генерации, дружење, танц, музика и забава.
Што го прави овој клуб најдобар?
Освен што се први, танчерите кои уживаат во латино и стандардните танци со години ја претставуваат земјава по разни меѓународни и државни натпревари и освојуваат бројни награди.
А нивните забави се најзабавни… и изгледаат вака 🙂