4 животни кои комуницираат со сопствен јазик

животниНаучниците сè уште не ги разбираат сите мистерии на комуникацијата кај животните. Но, постојат неколку значајни откритија на оваа тема. Преку разбирање на начинот на кој животните комуницираат меѓусебе, ние луѓето сме поблиску до наоѓање на начин да комуницираме со нив.

Научниците сè уште не ги разбираат сите мистерии на комуникацијата кај животните. Но, постојат неколку значајни откритија на оваа тема. Преку разбирање на начинот на кој животните комуницираат меѓусебе, ние луѓето сме поблиску до наоѓање на начин да комуницираме со нив.

Слонови
животински јазици

Големите уши на слоновите порано биле третирани само како помагало за контролирање на температурата, и за давање друштвени сигнали, но не и како органи за слушање. Но, слоновите можат да комуницираат на големи растојанија со помош на инфразвук. Ова објаснува дел од чудното однесување на слоновите, како на пример кога одненадеш ги подигаат главите додека пијат вода или како сите слонови во едно стадо почнуваат да маршираат истовремено без никаков сигнал. Мажјаците во сезоната на парење можат да ги лоцираат своите партнери дури и на големи растојание благодарејќи на оваа способност за слушање на инфразвук.

Риби
животински јазици

И кај рибите постои акустична комуникација. Рибите создаваат звуци користејќи органи кои не се на исто ниво на развој како гласните апарати кај другите животни. Рибниот меур се користи за појачување на звуците кои ги произведуваат гребејќи со забите. Околу рибниот меур има мускули кои предизвикуваат вибрации на меурот. На овој начин рибите го појачуваат гласот на звуците. Рибите немаат надворешни уши, но нивното внатрешно уво е поврзано со рибниот меур. Тие исто така ги чувствуваат вибрациите во водата со целото тело.

Некои риби имаат и специфична „песна“ за парење. Тие произведуваат убав звук за да привлечат партнери. „Песната“ е всушност шум кој претставува љубовна мелодија и може да се чуе само во сезоната на парење. Тие исто така создаваат и куси звуци, слични на гровтања за да ги избркаат предаторите и други мажјаци.

Жаби
животински видови

За да комуницираат, жабите мораат да бидат погласни од останатите животни. Звуците кои ги произведуваат некој жаби, за луѓето се многу гласни. Но, има и такви жаби кои комуницираат со помош на ултра звук. Фреквенцијата на овие ултра звуци е премногу висока за луѓето, па ние не можеме да ги чуеме. Видот Huia cavitympanum кој живее во Борнео е единствениот до сега откриен вид на жаби кој комуницира единствено преку звуци со висока фраквенција.

Мајмуни
животински видови

Мајмуните не само што имаат комплексен начин на комуницирање, тие исто така имаат и разбирање на едноставна граматика. На пример, тамарините разбираат граматички правила и комуницираат меѓу себе со свирење секој пат кога се разделени од групата.

- Реклама -